Како полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци?
Вага
Полната Месечина ќе влијае врз вашиот сектор на комуникацијата со другите и локалната заедница. Тука спаѓа и односот со вашите најблиски. Сепак, астролозите ви препорачуваат да не се плашите и да бидете малку себични. Со оглед на тоа дека сте постојано фокусирани кон „ние“, од клучно значење ќе биде да воспоставите здрава рамнотежа меѓу личните и туѓите интереси.
Скорпија
Месечината поволно ќе влијае врз вашиот сектор на пари и стабилност. Освен тоа, оваа Месечина ќе ви помогне да затворите една фаза од животот и со нови сили да продолжите напред. Меѓу другото, сега е и идеалното време за одмор.
Стрелец
Полната Месечина ќе влијае врз вашата самодоверба. Сега е време да заблескате, а доколку наидете на позитивни коментари и пофалби, со задоволство прифатете ги. Бидете оптимисти и уживајте во славата што ви претстои.
Јарец
Полната Месечина ќе го осветли вашиот сектор кој го означува крајот на нештата. Ќе имате потреба да бидете сами што е сосема во ред. Од друга страна, следната полна Месечина ќе биде во вашиот знак па затоа треба добро да се подготвите и одморите.
Водолија
Полната Месечина ќе го осветли вашиот сектор на надежите и соништата. Сепак, внимавајте на чувството на страв и не дозволувајте му да надвладее со оглед на тоа дека Сатурн ќе се движи ретроградно во вашиот знак сè до октомври.
Риби
Полната Месечина ќе ја осветли вашата куќа на кариерата и имиџот во јавноста. Покрај успесите ви претстои и ризик да бидете измамени. Затоа, неопходно е да ги анализирате докрај сопствените и туѓите реакции, но и да бидете подготвени за можните измами.
Откако прочитавте како полната Месечина ќе им влијае на хороскопските знаци во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ги очекува огромен успех сè до 23 октомври.
Извор: sensa.mondo.rs