Како навиваат хороскопските знаци?

Како навиваат хороскопските знаци?

За време на фудбалски натпревар, според стилот на навивање веднаш можете да ги препознаете хороскопските знаци на навивачите околу вас.

kako-navivaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Овен

Го гледа натпреварот залепен за телевизорот, па од него другите не можат да видат ништо. Тој е жесток навивач за кого секој потег е шанса за пресврт или за гол и притоа реагира исклучително емотивно. Еуфоријата кај него е стандардна појава. Гласот ќе го изгуби и ќе го нема во наредните 3 дена, а судиите му се по правило криви за сѐ. Ако судијата досуди дискутабилна одлука, за тоа ќе збори недела дена.

Бик

Тој е роден тренер, барем така мисли, така што неговото навивање е по малку различно од она на остатокот од светот – тој точно сфаќа што е проблемот во играта, стручно го образложува тоа и нуди решенија кои несебично ги споделува со околината. Кога ќе се постигне добар резултат знае да каже „нели ви реков дека ќе биде вака?“ Истото го кажува и при лош резултат.

Близнаци

Близнаците во текот на натпреварот ќе ги сменат сите можни расположенија, а дури и кога фудбалот не ги интересира многу, ќе се внесат во играта со целото свое битие, бидејќи ги понесува еуфоријата од околината. Ќе има врискање, плачење и филозофирање, а на крајот на натпреварот ќе бидат жива вода, па можеби дури и потрошиле повеќе енергија од играчите на теренот.

Рак

Ракот најголемиот дел од натпреварот ќе биде мирен и сталожен и ќе ја смирува околината за да може да го чуе коментаторот, но во еден момент ќе пукне и ќе почне да урла додека не изгуби воздух. Ќе си најде по еден фаворит за сите добри и сите лоши потези, па едниот неумерено ќе го фали, додека другиот ќе го критикува како главен виновник за текот на играта.

Лав

Лавот е тотално луд навивач. Противниците се неговите најголеми непријатели кои треба да се покорат, а поразот го доживува како пропаст на неговиот тим кој со тоа како да му ја украл честа. Лавот има најизразено чувство на патриотизам, а лошиот резултат го објаснува како завера на судијата кој заради билатералните односи и пари се свртел против неговиот тим.

Девица

Девицата гледа натпревар смирено и со воздржан оптимизам, надевајќи се секогаш на најмалку нерешен резултат, а можеби и на пораз, без разлика на силата на противникот. Во текот на натпреварот знае да исфрли фрази од типот: „топката е округла“ или „нека победи најдобриот“ и слично. Ако се остварат црните прогнози, ќе остане смирена, но на сите тоа ќе им го набива на нос со денови, бидејќи ете, таа знаела. И победите ги доживува смирено, само со малку појак внес на алкохол.

2-kako-navivaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

Вага

Вагата ги има направено сите проверки пред натпреварот, составот на противничкиот тим, нивните повреди и позиции, а потоа преминува на калкулации околу можниот исход. Во принцип навива праведно, и најмногу се лути на играчите, а не на судиите. Ако некој го потценил нејзиниот тим пред натпреварот, навива одмазднички и секој добар потег на својот тим го доживува како свој личен триумф.

Скорпија

Скорпијата подлегнува на еуфоријата и навива со голем ентузијазам, урлајќи во текот на целиот натпревар и постојано проверувајќи го своето ливче од обложувалницата за да биде сигурна дека сѐ се одвива според нејзиниот план. Таа е од оние луѓе кои се удираат по глава на секоја грешка што ќе ја направи нејзиниот тим, а лошиот резултат го доживува сериозно како смрт на член од фамилијата. Може да заплаче, но и да фати чир на желудникот.

Стрелец

Припадниците на овој знак се верни навивачи кои немаат особена потреба да го истакнуваат тоа, но верно ќе ја докажуваат својата лојалност следејќи ја омилената репрезентација секаде каде што можат. Ако ништо друго, ќе појдат на плоштад за да го гледаат натпреварот таму. Стрелецот има некоја своја филозофија која ја проповеда цело време, а која нема баш многу врска со реалноста. Тој добро ги познава играчите на теренот и е уверен во својата супериорна способност за проценка кој е добар, а кој не, но исто така е во состојба пола саат да го убедува оној до себе дека имало офсајд иако забавената снимка покажала дека нема.

Јарец

Јарецот е филозоф, знае сѐ за фудбалот и шансите на сите важни натпревари, за што со задоволство ќе раскажува на некој кој ќе забележи дека знае помалку од него. Тогаш се чувствува како дел од неговиот тим на теренот. Навива емотивно, во случај на позитивен резултат вика тура пијачки за сите на масата, а исто и кога неговите губат, но тогаш пцуе и провоцира кавги со другите навивачи.

Водолија

Водолијата е чудна во навивањето, бидејќи има песимистични очекувања, за разлика од ставот кон останатите работи во животот. Но тоа е така за да се разочара што помалку во случај на лош резултат. Водолиите се најдобри организатори за гледање натпревар бидејќи за собирот нема ништо да недостасува, од огромно платно со проектор и еден куп грицки до гајба добро изладено пиво. Гледаат со подзамижани очи, постојано плашејќи се од пораз. Ќе ги релаксира само добар резултат на крајот на натпреварот. Често судиите им се криви, за кои исто како и за лошите играчи, смислуваат креативни прекари.

Риби

Рибите се прилично кул навивачи на површина, но во себе кријат вистински вулкан кој полека избива во текот на натпреварот, со константно потење и прашања кои на сите им одат на нерви. Им пречат коментарите на коментаторите, а сето тоа е одбранбен механизам бидејќи им се страв од пораз.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар