Како најбрзо да се спријателите со секој од 12-те хороскопски знаци?

Како најбрзо да се спријателите со секој од 12-те хороскопски знаци?

Во потрага сте по нови пријатели коишто сакате да станат дел од вашиот потесен круг? Можеби имате некој колега или колешка на работа што сметате дека е прилично забавна личност, со којашто сакате да поминувате повеќе време!? Науката вели дека најдобриот начин да ги одржите вашите пријателства е да ги маѓепсате луѓето со вашите најдобри карактерни квалитети. Ако сакате да го освоите срцето на некој новостекнат пријател, само ѕирнете кога му/ѝ е роденден и проверете го хороскопот за соодветниот знак подолу, за да примените некои одлични тактики за брзо и ефикасно спријателување.

Како најбрзо да се спријателите со секој од 12-те хороскопски знаци?

Овен: Покажете малку смелост и штитете му го грбот

Доколку сте решиле да се спријателите со некој што е Овен во хороскоп, метафорично кажано треба да облечете заштитен оклоп за да се заштитите од острите „бодежи“ и грубата нетактичност по коишто се карактеризираат овие луѓе. Наместо да чекате да ве нападне, секогаш бидете подготвени добро да се одбраните и да го осудите неговото лошо однесување. Постапувајќи на овој начин, голема е веројатноста дека ќе ја придобиете неговата почит, а веројатно и неговото пријателство.

Бик: Бидете целосно искрени со него

Биковите ја ценат чесноста и искреноста кај другите луѓе, повеќе од сè друго. Потребно е време додека да го придобиете срцето на некој роден во знакот Бик, но најважно е да бидете истрајни и упорни. Покажете им дека го мислите тоа што го кажувате и поддржете го истото со вашите постапки. Бикот многу лесно забележува измамници и брзо ќе ве „прочита“ ако му кажувате некои лажни изговори. Тоа значи дека ако сте му понудиле помош за селење, не измислувајте дека ви дошол на гости некои далечен братучед од Америка, само за да се извлечете од обврската.

Близнаци: Бидете генијални и ангажирајте им го умот

Бидете спонтани со Близнаците и никако немојте да бидете здодевни. Близнаците не сакаат луѓе на коишто им недостасува имагинација и ги интригира мистеријата и работи за коишто е потребно време за да се одгатнат, па затоа слободно „нахранете“ ги со вашите тајни. Близнаците сакаат љубопитни и интелигентни личности, па почнете да учите и читате за сè и сешто и дискутирајте со нив. Доколку успеете да ја одржите менталната будност на Близнаците, веројатно ќе ви останат пријатели до крајот на животот.

Рак: Покажете му дека навистина се грижите

На Ракот потребно е да му покажете дека семејството ви е многу важно и дека не сакате да бидете дел од зајадливо озборување на вашите пријатели. Лојалноста е најважната работа доколку сакате да формирате цврсто пријателство со некој што е Рак во хороскоп, а тој/таа ќе го гради мислењето за вас, врз основа на тоа како се однесувате со другите луѓе. Битно е да запомните, дека Раковите одбиваат да се спријателуваат со луѓе коишто во минатото им „забивале нож во грб“ на други луѓе. Врска без доверба, нив не им е од буквално никаков интерес.

Лав: Немојте да бидете скржави и дадете му го вниманието по коешто тежнее

На Лавот му е потребно многу внимание, пофални зборови и возвишување. Тоа значи дека треба да ја користите секоја прилика за да го погалите нивното его и да забележувате секојпат кога ќе ја промени фризурата или има нова облека. Исто така, грижете се и за вашиот надворешен изглед, бидејќи Лавовите мразат неуредност и непедантност. Исто така, немојте да бидете скржави со нив, бидејќи претставниците на овој знак се многу дарежливи луѓе и ќе го прекинат пријателството со вас, ако забележи дека цело време „случајно“ го заборавате паричникот дома или никогаш не оставате бакшиш во кафуле или ресторан.

Девица: Првенствено сакајте се себеси и бидете горделиви

Девиците сакаат луѓе коишто се грижат за своето здравје. Тоа значи дека ќе ве ценат ако направите убава промена во вашиот физички изглед, држите некаков режим на здрава исхрана или започнете со активно вежбање јога, трчање или медитирање. Тие исто така ценат и малку конкуренција, па со задоволство ќе прифатат да играте неколку партии тенис или Монопол. Исто така, внимавајте да не станете неуредни или премногу да јадете на разните социјални збиднувања, бидејќи според Девиците, сè што е прекумерно делува непривлечно и невкусно.

Вага: Бидете забавни, пријателски настроени и оптимистични. Покажете ѝ дека се однесувате во согласност со вашите емоции

Танцувајте, пејте, флертувајте со нив и кажувајте си безобразни шеги. Вагите сакаат луѓе коишто се по малку дрски, забавни и имаат „лесен чекор“ на подиумот за танцување. Исто така, очекувајте дека со пријател роден во хороскопскиот знак Вага, можете истовремено да се смеете и да плачете. Тоа е така, бидејќи овој знак е во потрага по луѓе коишто имаат висока емоционална интелигенција, па ѕидовите коишто ги креваат некои луѓе пред себе, прави таа да се чувствува неудобно и непријателски.

Како најбрзо да се спријателите со секој од 12-те хороскопски знаци?

Скорпија: Предадете ѝ се и дозволете ѝ целосно да ве освои

Можеби ќе ви звучи чудно, но Скорпиите во суштина многу ја ценат наивноста, спонтаноста и комплетната невиност. Скорпијата има голема способност за шокирање и заведување на своите „жртви“. Доколку сте расположени да ја играте улогата на муза, тогаш Скорпијата со задоволство ќе ја игра улогата на ваш ментор и владетел, сè додека не преминете заедно со неа на „темната страна“, за официјално да ве прифати во нејзината внимателно избрана група од пријатели.

Стрелец: Бидете релаксирани и не правете драми

Стрелците обожаваат луѓе коишто се безгрижни, релаксирани и брзо прилагодливи. На нив навистина не им се допаѓа кога се опкружени со луѓе коишто лесно можат да ги вознемират или пицајзли коишто се заморуваат дури и со најситни детали. Доколку сте луѓе коишто се постојано под стрес, ќе го уништите природниот шарм и елан на Стрелецот, па тој или таа може да се одлучат да поминуваат повеќе време со порелаксирани луѓе. Бидете достапни за забава за време на викендите, бидејќи овој пријател може неочекувано да ви се јави и да ве повика на кампување или на решавање загатки во „Escape Room“.

Јарец: Контролирајте го вашето его и бидете покорни

Немојте да бидете премногу наперчени и претенциозни. Јарците мразат фалбаџии и луѓе коишто патат постојано да бидат во центарот на вниманието. Наместо тоа, Јарците почитуваат скромни луѓе коишто брзо и без врева ќе ја завршат својата работа. Понудете им помош и следете ги нивните инструкции. Јарецот ќе ве покани да бидете дел од неговиот круг на пријатели, во оној момент кога ќе сфати дека вие навистина вредите и навистина го правите она што велите дека ќе го направите.

Водолија: Бидете пријателски настроени, но не правете ѝ притисок

Водолиите се многу интуитивни личности и уште веднаш можат да проценат дали помеѓу вас во иднина може да се роди пријателство. Претставниците на овој знак најчесто имаат цела листа со пријатели коишто ги разочарале, така што доколку сакате да ја придобиете нивната наклонетост, обидете се да бидете со нив на исто ниво, во морална и филозофска смисла на зборот. Водолијата има вродена наклонетост да им помага на другите луѓе, па ќе сфатите дека помеѓу вас се раѓа пријателство, ако сосема спонтано се понуди да ја исчисти вашата куќа или да ви го причува кучето додека сте на патување.

Риби: Покажете им дека ја прифаќате нивната емотивна и ранлива страна

Бидете покрај нив кога поминуваат низ тежок емотивен период и научете ја великодушната уметност на простувањето. Претставниците на овој знак имаат тенденција да прават сè што е во нивна моќ, за одново и одново да го саботираат формирањето на вашето пријателство, но доколку го издржите тоа и ги придржите во периодите кога паѓаат кон дното, овие чудесни мали гремлини ќе постанат ваши неверојатно лојални пријатели.

Може да ве интересира и каков вид пријатели ви се потребни според хороскопскиот знак?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар