Како ќе ви се промени љубовниот живот во 2019-та година според вашиот хороскопски знак?
Ако веќе сте се зачлениле во теретана, сте го исчистиле гардероберот или сте завршиле со новогодишните ритуали, можеби почнувате да се прашувате што можете да очекувате од љубовта. Се разбира, вашиот љубовен живот можеби ќе се движи во насока којашто планетите нема да ја предвидат, но понекогаш астрологијата може да ве насочи. Па, погледнете како ќе ви се промени љубовниот живот во новата година според вашиот хороскопски знак.
Овен
Бидејќи се познати по нивната динамика, Овните мора да научат како да бидат трпеливи. Импулсивното делување не е најдобрата идеја за 2019-та година. Дозволете му на вашето срце да ја преземе контролата. Како таен романтичар, ќе откриете дека љубовниот живот ќе ви се подобри кон крајот на март и во првите 3 недели од април. Еклипсите можеби ќе предизвикаат неколку пречки, но брзо ќе се вратите на нозе.
Бик
Оваа година ќе ви биде мирна, освен неколкуте можности за промена што ќе се појават во април. На 5-ти март Меркур ќе биде во ретроградна положба, а следниот ден Уран ќе влезе во вашиот знак. Ова нема директно да влијае на вашиот љубовен живот, но може да има влијание на вашата финансиска состојба. Доколку сакате да му овозможите нешто на партнерот, планирајте однапред.
Близнаци
Оваа година љубовниот живот ќе ви биде неверојатен. Работите се во вашите раце, па очекувајте забава и многу нови искуства доколку сте сингл. Ако сте во врска, внимавајте на вашите зборови бидејќи поради ретроградната положба на Меркур во март, јули и ноември постојат можности за недоразбирања.
Рак
Вам ве очекува динамична година. Иако можете да очекувате стабилност во врската во 2019-та година, очекувајте неколку изненадувања за време на секоја еклипса годинава. Многу пати ќе треба да се вратите во реалноста и да се обидете да се зајакнете емоционално.
Лав
Ако сте имале тежок период од соларната еклипса во август 2017-та година, очекувајте подобрување. На 21-ви јануари ќе има лунарна еклипса во вашиот знак, а тоа ќе донесе позитивни промени во секој дел од вашиот живот. Ќе можете да се ослободите од емоционалниот товар. На 2-ри јули ќе има уште една лунарна еклипса која ќе биде погодна за нов почетокот во лето.
Девица
Вашиот љубовен живот во 2019-та ќе биде бавен, но стабилен. Бидејќи сте навистина внимателни, веќе имате вградено систем што ви помага да го избегнете погрешниот партнер. Ако сте во врска, можеби ќе треба да се соочите со променливо расположение. Воглавно, целата година ќе биде стабилна.
Вага
Оваа година конечно ќе се порамните со вистинската љубов. Ако сте сингл, годинава ќе имате многу повеќе партнери од претходната година. Ако сте во врска, можно е да се соочите со неколку паузи или разделби со партнерот кои ќе бидат проследени со смирување.
Скорпија
Оваа година ќе биде одлична за експериментирање, возбудливи ноќи и разговарање за неверојатни работи – нешто што навистина го сакате. Единственото нешто на коешто треба да внимавате е да бидете внимателни со вашите експерименти. Не секој е подготвен за екстреми.
Стрелец
Оваа година ќе биде неверојатно патување за вас. Ако сте сингл, во 2019-та ќе се соочите со многу пријатни изненадувања во областа на љубовта. Единственото нешто што треба да го имате на ум е дека кој и да го сретнете, може да исчезне навистина брзо од вашиот живот. Доколку сте во врска можете да ја проширите вашата љубов со почесто патување.
Јарец
Можеби ова е годината кога ќе ја пронајдете вашата вистинска љубов. Освен еклипсата на 21-ви јануари, сите останати еклипси во 2019-та ќе бидат во знакот на Рак и Јарец, па колку и да одбивате, некој сигурно ќе го освои вашето срце.
Водолија
Ако сте родени во првите 6-7 денови од почетокот на сезоната на Водолијата, лунарната еклипса на 21-ви јануари ќе ви влијае многу. Ова ќе ви биде добар шок и ќе ви помогне да се подготвите за новостите во љубовниот живот кои ќе почнат на почетокот на март.
Риби
Оваа година е одлична за вашиот удобен живот. Од сите знаци, вие ќе бидете под најмалку влијание и ќе ги испуштите повеќето големи космички настани. Вие сте сонувачот во Зодијакот, но вашите соништа навистина стануваат реалност. Ако сонувате доволно големо, можеби ќе ја пронајдете вашата романтична половина до крајот на годината.
Погледнете и кои се најповолните периоди за љубов во 2019-та година за секој хороскопски знак.