Како ќе ни влијае затемнувањето на Месечината на 8 ноември?

Како ќе ни влијае затемнувањето на Месечината на 8 ноември?

На 8 ноември нè очекува затемнувањето на крвавата Месечина (од 9:02 до 14:56 часот). Сега е навистина добро време да се ослободите од старото за да го прифатите новото, а како што годината се приближува кон крајот, ќе стекнете повеќе увид во тоа како да продолжите напред со ново поглавје. Се отвораат неочекувани патишта, па ако мислите дека е добро да отстапите од сегашната насока, ова затемнување ќе ви даде нова можност!

Како ќе ни влијае затемнувањето на Месечината на 8 ноември?

Се нарекува крвава Месечина поради фактот што инаку светлата полна Месечина добива крваво црвена боја бидејќи е целосно покриена од земјината сенка. Ова затемнување на полната Месечина може да влијае на нашето енергетско поле и исто така може да послужи како активатор на нашата страна во сенка, со што на површина ќе излезат некои скриени работи.

Затемнувањето на месечината на 8-ми ноември носи бранови на трансформативна енергија што може да нè турне во повисоки состојби на свест и повисоки нивоа на патувањето на душата.

Претходно во мај 2022 година имавме уште едно затемнување на Месечината во Скорпија. Дали се сеќавате на некои значајни настани или промени што се случиле во тој период од вашиот живот? Ова затемнување на Крвавата Месечина ќе работи во синергија со тоа мајско затемнување, па може да забележите слични теми или може да се открие повеќе од приказната. Не дека истите настани ќе се повторат, но можеби ќе наидете на истите лекции од порано.

Овие лекции веројатно се тесно поврзани со вашиот пат на душата и кармичката судбина. На некој начин, можете да ги замислите затемнувањата како настани кои ве „туркаат“ кон патот по кој треба да патува вашата душа. Поради оваа причина, затемнувањата имаат тенденција да иницираат судбоносни или трансформативни настани.

Трансформацијата, од друга страна, секогаш може да биде предизвик кој се состои од повеќе чекори. Секој од овие чекори носи свои борби и магија, но под затемнувањето на крвавата Месечина нивото на интензитет може да се зголеми.

Под сиот интензитет и трансформативна енергија на крвавата Месечина, може да се чувствуваме исцрпени или малку повеќе раздразливи од вообичаеното.

Меѓу другото, Уран, планетата на будењето и рушењето на границите, ќе биде многу активен за време на ова затемнување. Можеби ќе се чувствувате инспирирани да ги пресечете синџирите што ве држат врзани и да се ослободиме од „кафезот“ во кој моментално се наоѓате. Дали копнеете за поголема слобода? Од што треба да се ослободите? Уран исто така може да биде и симбол за будење и изненадување, така што постои можност ова затемнување да донесе шокантна вест или да поттикне акција или одлука што ќе ги шокира оние околу вас. Се отвораат неочекувани патишта, па ако мислите дека е добро да отстапите од сегашната насока, ова затемнување ќе ви даде нова можност!

Венера, планетата на љубовта, исто така ќе биде активна под ова затемнување и иако можеби ќе бидете фокусирани на вашите врски и романтичниот живот, сепак знајте дека Венера е исто така симбол на вашите вредности и вашето чувство за самопочит.

Што е она што вистински го цените? Дали се чувствувате доволно достојни да го имате она што го цените? Бидете реални со себе. Не плашете се да бидете искрени и да размислите за тоа што навистина го цените и кои се вашите вредности.

Сатурн, планетата на кармата, исто така е активна под оваа енергија на затемнувањето. Присуството на Сатурн дефинитивно може да создаде одредена тежина и може да ви посочи со кои работи од минатото треба да се справите.

Не заборавајте дека сега е навистина добро време да се ослободите од старото за да го прифатите новото, а како што годината се приближува кон крајот, ќе стекнете повеќе увид во тоа како да свртите ново поглавје од вашиот живот.

Откако прочитавте за влијанието на крвавата Месечина на 8 ноември, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Марс во наредните 6 месеци.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар