Како ќе ни влијае Венера во Водолија до 27 јануари?
Од 3 до 27 јануари Венера ќе транзитира низ Водолија, а тоа значи дека романтичниот аспект би можел да „стагнира“ во следните неколку недели, со оглед на тоа дека од сите знаци, на Водолијата ѝ треба најмногу простор во љубовната врска.
Како пример за тоа како ова може да изгледа, можеме да замислиме нечија карта со Венера во Водолија. Овие луѓе ги привлекуваат интелектуални типови кои се разликуваат од другите. Помалку ги привлекуваат емотивно нестабилните партнери и не се склони кон сентиментални изрази на љубов. Наместо тоа, кај нив интелектуалниот аспект преовладува како извор за еротски набој.
Ова може да ни даде некаква претстава за тоа што можеме да очекуваме во наредните недели во однос на љубовниот живот.
1. Без драма!
Бидејќи Водолијата е воздушен знак со кој владее сериозниот Сатурн, ова не е време за романтични заплеткувања. Водолијата има моќ на разјаснување и се залага за постојаност, а не несериозност. Дури, можеби и ќе се чувствувате како да ви треба одмор од каква било љубов овој јануари.
2. Преку пријателство до љубов
Водолијата е поврзана со пријателствата и заедницата. Наместо да бидете во романтична врска, можеби ќе ја претпочитате пријателската зона со сите. Ако сте повеќе фокусирани на пријателите (или на вашата онлајн заедница), нема да можете да одолеете на оваа космичка сила. Сепак, мало предупредување: бидејќи Венера секогаш има тенденција да ги поврзува луѓето преку љубов, овој аспект може да значи започнување љубовна врска со пријател.
3. Рационално и долгорочно
Очекувајте да бидете повеќе возбудени од интелектуалниот разговор од било што друго. Може да почувствувате и зголемена љубов кон учењето или желба да бидете опкружени со убави предмети (Венера владее со убавината). Иако оваа позиција на Венера во Водолија е кратка, сепак содржи датум кој укажува на нешто долгорочно. На 23 јануари Венера ќе се сретне со Сатурн. Симболично, овој сојуз сугерира дека љубовта (Венера) и долговечноста (Сатурн) се спојуваат. Тоа ќе биде знак за посветеност и инвестирање во нешто што го сакате долгорочно.
Откако прочитавте за влијанието на Венера во Водолија, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема среќа на љубовен план во 2023 година.
Извор: sensa.mondo.rs