Како ќе ни влијае Венера во Риби до 20 февруари?
Рибите се знакот во кој Венера најдобро се чувствува и ги истакнува најубавите работи – уметност, танц, песна, поезија, бајковити фотографии, љубов и романси со среќен крај. Ова ќе биде знак и за најчистата безусловна љубов без очекувања и лаги кои произлегуваат од егото.
Венера нема да биде оптоварена со морал и општествени конвенции, таа ќе сака само љубов. Ќе биде среќна и расположена, романтична и убава, полна со имагинација.
За време на транзитот на Венера во знакот Риби се очекува Венера на самиот почеток да има напнат аспект со Марс, што може да доведе до кавги и конфликти. Но, овие конфликти нема да се решат со враќање со враќање со иста мера и влегување во војна, туку сосема спротивно, со заминување.
Лекцијата овде е да научите како да не паѓате на туѓи провокации и его војни, туку да ја пропуштите енергијата на конфликтот и со внатрешен мир да испратите љубов кон личноста која сака војна и да си заминете.
Откако ќе научиме како мирно да ги разрешиме конфликтите, нè очекува секстил со Уран, што може да ни донесе ненадејни и неочекувани романси, добри вести и неочекувани изјави на љубов. Тоа не мора да биде само за романтични врски, може да биде неочекувана уметничка инспирација и возбуда.
На крајот од преминот низ знакот Риби, нè очекува конјукција со Нептун, каде што силно ќе бидат нагласени романтиката, фантазијата и духовноста.
Ова ќе ги продлабочи љубовните врски, ќе им даде силно чувство за длабока љубов, интензивен и имагинативен сексуален живот, но ќе биде и инспирација за креативни уметнички проекти.
Откако прочитавте за влијанието на Венера во Риби, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта во февруари.
Извор: atma.hr