Како ќе ни влијае Венера во Рак до 4 јуни?

Како ќе ни влијае Венера во Рак до 4 јуни?

На 7 мај Венера го започна својот транзит низ Рак, а тука ќе остане сè до 4 јуни. Според астролозите, Венера е поврзана со љубовта, убавината и желбата да се променат работите на подобро. Од 7 мај до 4 јуни оваа планета ќе биде во многу позитивна позиција.

Како ќе ни влијае Венера во Рак до 4 јуни?

Акцентот ќе биде ставен на љубовта, што не мора да значи дека треба да се откажете од деловните амбиции. Важно е да ги извршувате обврските навреме за да имате доволно енергија за сè. Обидете се да пронајдете време и да бидете заедно со вашата сродна душа. Венера е позитивна кога луѓето се зближуваат, си даваат топлина и љубов.

Правете повеќе добри дела во овој период полн со предизвици. Споделете ја вашата љубов за да привлечете повеќе позитивна енергија. Правете добро и обидете се да ѝ го разубавите денот на секоја личност што ќе ја сретнете. Не плашете се да запознаете нови луѓе и да одите на состаноци.

Време е да најдете сила и да ги споделите вашите емоции со другите. Помогнете им на другите, потсетете се дека и љубовта е жртва, затоа вложете го вашето време и енергија во саканата личност. Кога ќе го видите нејзиното лице среќно, ќе бидете и вие среќни.

Бидете несебични, не барајте ништо за возврат и не поставувајте услови никому. Венера сака луѓе кои им ја отвораат душата на другите и им пружаат рака за помош.

Шетајте и спортувајте бидејќи тоа ќе ви помогне да се изборите со негативните емоции. Ова ќе биде и одлично време за прошетки и екскурзии во природа. Венера сака сè што е поврзано со морето и елементот вода. Затоа, не пропуштајте ја можноста да отидете на одмор и да ги наполните батериите.

Откако прочитавте за влијанието на транзитот на Венера во Рак, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар