Како ќе ни влијае Венера во Овен до 15 март?
Од 20 февруари до 16 март Венера, планетата на љубовта, ќе се движи низ знакот Овен и ќе придвижи некои работи напред. Сè што досега било бавно, слабо или неизвесно ќе добие појасна форма, особено кога станува збор за љубов, врски и пари.
Оваа Венера сака да ги реши прашањата и дилемите на јасен, директен и искрен начин. Прашајте се што сакате. Сакале или не, понекогаш искрата на привлечноста и љубовта брзо согорува.
Кога станува збор за заведувањето, доаѓаат до израз храброста, одлучноста и самодовербата. Не е важно што било, ниту што ќе биде, важно е само она што се случува сега и овде. Оваа Венера ве повикува на акција, ризик и авантура.
На тој начин ги поместувате границите, подготвени сте да преземете чекори од кои бегавте. Нејзиното мото е: никогаш нема да знаете додека не се обидете!
Нејзината боја е огнено – црвена. Важен датум ќе биде 2 март кога ќе се сретне со Хирон и Јупитер. Излечете ги љубовните рани преку нови искуства. Не враќајте се кон минатото. Напротив, продолжете да чекорите напред!
Откако прочитавте за влијанието на Венера во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и што секој од хороскопските знаци треба да направи за да има успешна пролет.
Извор: sensa.mondo.rs