Како ќе ни влијае Уран до 28 август 2023 година?
Астролозите посочуваат дека периодот од 22 јануари до 28 август 2023 година ќе биде особено поволен со оглед на тоа дека тукушто заврши ретроградната фаза на Уран, па така во текот на овие неколку месеци нè очекуваат позитивни промени и нови можности.
Што треба да правите додека Уран се движи директно:
Нови знаења
Пожелно е да се вклучите во активности кои ќе ви помогнат да стекнете нови знаења и вештини. Освен тоа, Уран ќе ви помогне да бидете посилни и повеќе фокусирани.
Интуиција
Слушајте ја вашата интуиција. Ова не само што е можно, туку и неопходно. Кон крајот на зимата и раната пролет, интуицијата може да ви биде особено корисна.
Променете ја средината
Можете да ја промените средината каде живеете. На пример, можете да почнете да барате нова работа, ново место за живеење. Уран сака кога луѓето бараат нешто ново и го менуваат светот околу себе.
Што не треба да правите до 28 август:
Не бидете мрзеливи
Посветете се на важни задачи и приоритетите. Додека Уран е силен и оди напред, не треба да ги избегнувате обврските. Колку повеќе работи правите толку поголем ќе биде вашиот успех.
Не губете ја контролата
Ова е многу важен момент. Ако сакате да останете продуктивни, само треба да се грижите за сите ваши задачи и да не се откажувате кога ќе наидете на пречки. Работите што можете да ги направите сега не одложувајте ги за подоцна.
Песимизам
Немојте да бидете песимисти, што и да се случи. Запомнете дека секогаш постои начин да ги подобрите нештата.
Осаменост
Не се изолирајте од сите. Подобрете ги односите со семејството, пријателите, партнерот. Комуникацијата треба да биде присутна кај секој од нас. Ако барате сродна душа, можеби сега ќе биде најдоброто време да се поврзете со некого.
Откако прочитавте како ќе ни влијае Уран во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во првата половина на 2023 година.
Извор: sensa.mondo.rs