Како ќе ни влијае транзитот на Сонцето во Девица?
Сонцето, нашата светлина, нашиот извор на живот на планетата Земја и главното небесно тело околу кое се движат сите останати во сончевата галаксија, на 23 август го започна својот транзит низ хороскопскиот знак Девица каде ќе остане цел месец.
Со преминот на Сонцето во нов астролошки знак, автоматски се менуваат и енергиите на колективно ниво! Од активен принцип и бурни емоции, заедно со Сонцето преминуваме во пасивен принцип, воздржаност и логично размислување. Од фиксниот знак Лав влегуваме во енергијата и дисциплината на променливиот знак Девица. Затоа што мотото на Сонцето кај Девицата е работа, ред и дисциплина.
Бидејќи знакот Девица го класифицираме како човечки, земјен и променлив знак, враќањето на училиште, работата и секојдневните активности по завршувањето на годишниот одмор не би требало да претставува проблем, особено ако е присутно и материјалното задоволство. Затоа ние заедно со Сонцето во Девица во овој период од годината се впуштаме во нови деловни, едукативни и други мали, но вредни животни победи!
Затоа, да се обидеме да живееме во хармонија и во ритамот на космичките движења и позитивната симболика на ова Сонце: да учиме како да им помагаме на другите! Затоа што помагајќи им на другите, си помагаме и себеси.
Освен тоа, ќе научиме и да уживаме во малите нешта, а со тоа ќе го развиеме и нашето чувство на благодарност. Од друга страна, пак, колку повеќе благодарност имаме во себе, толку повеќе привлекуваме добри нешта во животот!
Добро би било и да не го занемариме телото, па пожелни се здрава исхрана и редовна физичка активност. Дури и старите Грци знаеле дека во здравото тело има здрав дух и само кога ги слушаме потребите на нашето тело, само тогаш сме во хармонија со нашата вистинска природа.
Да го искористиме транзитот на Сонцето низ знакот Девица за да се насочиме кон конкретни цели и да си воспоставиме рутина, неопходна за сите нас, а карактеристична за овој знак склон кон перфекционизам!
Откако прочитавте за сезоната на владеењето на знакот Девица, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември.
Извор: sensa.mondo.rs