Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27 август?

Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27 август?

За време на транзитот на Марс во Девица од 10 јули до 27 август ќе бидеме со јасни намери во поглед на она што сакаме да го постигнеме. Освен тоа, повеќе внимание ќе им обратиме на здравјето, но и работните обврски. Тоа ќе ни овозможи да го организираме нашето секојдневие на подобар начин и така ќе ги намалиме стресот и напнатоста. Во спротивно, прекумерната работа и заморот може да доведат до недостаток на енергија, зголемување на нервозата, па дури и до некои здравствени проблеми.

Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27 август?

Според астролозите, овој транзит ќе биде суштински за нашиот раст и развој бидејќи ќе ни помогне да оствариме дел од нашите најдлабоки аспирации.

Еве на кои аспекти треба да обратиме внимание за време на овој транзит:

Внимателност и продуктивност

Нашите очи се вперени во деталите, па понекогаш ја губиме од вид пошироката слика, а можеме и да губиме многу време обидувајќи се да се справиме со она што не функционира, наместо да оставиме некои работи настрана и да ја фокусираме нашата енергија на она што функционира. Внимателниот и методичен пристап кон околностите е позитивен ако носи резултати, но понекогаш може да биде и крајно фрустрирачки бидејќи околностите понекогаш не ни дозволуваат таков пристап. Исчистете го просторот и ослободете се од предметите што повеќе не ги користите.

Критикување

Клучот е да се фокусирате на разбирање на пошироката слика, а не критикување на другите. Овој Марс е многу склон на критики и перфекционизам, па кога нешто не функционира може лесно да поттикне нервоза или конфликт. Склоноста кон критикување може да доведе до недоразбирања на работа, но и во приватниот живот. Размислете убаво пред да кажете нешто!

Здравје

Грижете се за вашето здравје, внимавајте на исхраната и варењето, внесете повеќе физички активности во вашето секојдневие. Може да се појават и некои здравствени проблеми. Не заборавајте дека кога сте пасивни, лесно можете да станете нервозни.

Љубов

Кога станува збор за љубовен живот, ќе сакаме да знаеме во што се впуштаме и каде одиме понатаму. Понекогаш ќе го спасуваме нашиот партнер или тој ќе се претвора во наш „проект“. Бидејќи овој Марс не е практичен, љубовта почесто ќе се изразува со давање услуги и искажување поддршка отколку со прегратки. И запомнете, никој не е совршен, односно сите се совршени токму такви какви што се.

Откако прочитавте како ќе ни влијае транзитот на Марс во Девица до 27 август, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за јули 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар