Како ќе ни влијае ретрограден Сатурн до 4 ноември? Прогноза за секој хороскопски знак!
Вага
Можни се непредвидливи пореметувања на плановите, појава на нови фобии и помали пречки кон целите. Друг важен елемент ќе биде намалувањето на силата на интуицијата на Вагата. Затоа, луѓето родени во овој знак треба да бидат внимателни и во моментот кога ќе се појават можности, ќе биде неопходно веднаш да ги насочат сите сили кон спроведување на плановите.
Скорпија
Кај Скорпиите, поради ретроградниот Сатурн, умешноста на убедување може целосно да исчезне или да биде многу ослабена. Затоа, ќе им биде исклучително тешко да ја постигнат целта на деловен план. Ќе мора да дејствуваат сами или да се потпрат на другите вештини и таленти: на пример, интуиција. Луѓето и настаните од околината навреме ќе ги предупредат Скорпиите за проблемите што се приближуваат, но тоа ќе го направат на некој неочигледен начин.
Стрелец
Стрелците летово треба да престанат да се потпираат само на себе. Можеби е време да побараат помош од нивните најблиски и од пријателите. Освен тоа, добро би било да се фокусираат на навремено завршување на работните обврски, но и да ги одложат нивните најамбициозни задачи и цели барем до септември.
Јарец
Ретроградниот Сатурн ќе донесе страв и сомнеж кај претставниците на овој знак. Ова лето и раната есен, тие ќе мора да се соочат со многу стравови и сомнежи на нивните работни места. Исто така во овој период ќе има многу необични настани, чиј исход ќе биде премногу непредвидлив и ќе зависи од многу работи.
Водолија
Што се однесува до Водолијата, претходно затворените врати може одеднаш да се отворат. Ретроградниот период на Сатурн ќе биде исклучително предизвикувачки, но неговите ефекти на крајот ќе имаат пријатен ефект. Ако Водолиите сакале, да речеме, да ја сменат работата, но не можат да најдат нешто добро и соодветно, тогаш ова лето можеби новите работодавци самите ќе ги поканат.
Риби
Ќе биде тешко да се постигне конкретен успех, но ако Рибите сакаат барем да го задржат она што досега го постигнале, треба да избегнуваат негативни навики како што се безделничење, неодлучност, поспаност, мрзеливост, страв, гнев, бидејќи во спротивно ќе го почувствуваат негативното влијание на Сатурн. Ова е најдобро време за справување со стресот и депресијата. Ако се мрзливи и постојано безделничат, тогаш непријатните мисли можат да се претворат во уште поголем проблем.
Откако прочитавте како ќе ни влијае Сатурн во следниот период, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 19 до 25 јуни.
Извор: atma.hr