Како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември?

Како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември?

Трети пат по ред ќе бидеме сведоци на ретроградното движење на Меркур оваа година и тоа од денес па сè до 15 септември, во знакот Девица.

Како ќе ни влијае ретрограден Меркур од 23 август до 15 септември?

Бидејќи на Девицата ѝ треба план и добра организација, овој ретрограден Меркур може да предизвика немир и нервоза, особено кога станува збор за извршување на секојдневните задачи и начинот на кој работиме. Можете да очекувате дека ќе почнат некои работи, па ќе престанат или едноставно планот нема да ви успее. Но, имајте на ум дека ништо не е случајно и дека најверојатно така треба да биде.

Најдобро би било за време на ретроградната фаза да не си вршите притисок и да ги следите моменталните околности. Еве на кој начин би можела да се одрази енергијата на ретрограден Меркур во следниот период:

  • во последен момент некој одложува состанок или договор
  • она што мислевте дека ќе го решите веднаш, се одвива малку побавно
  • чувствувате немир и напнатост бидејќи не оди сè според планот
  • можеби ќе го најдете решението на сосема неочекувано место
  • проблеми во комуникацијата – бидете сигурни дека другите ја добиваат пораката и ве разбираат правилно

Сепак, некои од информациите кои ќе ги добиете нема да бидат достапни или точни, па затоа би било добро да бидете трпеливи и смирени додека ги вршите вашите секојдневни задачи. Првин проверете, па реагирајте.

Ова ќе биде и идеално време за интроспекција. Слушајте што доаѓа од внатре. Можно е веќе подолго време да се соочувате со некаков проблем, кој можете да го решите сега со промена на вашето однесување. Доколку не функционира стариот начин, обидете се со нов пристап.

Оддалечете се од ситуации и врски кои ви создаваат конфузија. Замолчете го внатрешниот критичар. Обратете повеќе внимание на деталите, но погрижете се тоа да не ви го потроши драгоценото време.

Ако неодамна сте започнале нешто или сте сретнале некого, вистинските одговори ќе дојдат по 15 септември кога Меркур ќе тргне напред.

Ова е и одлично време да се ослободите од вишокот работи, да го средите просторот за живеење и да воспоставите повеќе рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

Откако прочитавте за влијанието на ретрограден Меркур во следниот период, можеби ќе сакате да го прочитате и неделниот хороскоп од 21 до 28 август.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар