Како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во Бик до 30 декември?
Јупитер е планета на експанзијата, па додека патува ретроградно, има тенденција да ги „прошири“ прашањата кои бараат наше внимание. Еве како ќе ни влијае енергијата на ретроградниот Јупитер во Бик…
Јупитер генерално се смета за планета на светлината, но има и темна страна. Тоа е планета на експанзија, и како што може да го прошири нашите желби и соништа, може да ги прошири и работите што не сакаме да ги гледаме, работите што ги туркаме под тепих бидејќи се премногу болни или непријатни за да размислуваме за нив.
Ретроградниот Јупитер може да ни укаже на темната страна на ситуацијата со која се соочуваме, лошиот однос што го негуваме или негативните аспекти на нашата психа. Ни овозможува да видиме повеќе детали, поголема перспектива и подлабока вистина. Колку повеќе гледаме, толку е поголема веројатноста појасно да ја разбереме целата ситуација и да се фокусираме на деталите.
Ретроградниот Јупитер во Бик, пак, ќе го прошири она на што треба да се фокусираме, но најверојатно ќе ја нагласи и нашата финансиска состојба.
Јупитер во Бик го означува времето за правење планови за иднината, особено кога се во прашање нашите финансии. Неговата енергија придонесува за сигурен, цврст и стабилен раст, па затоа обидете се да размислувате во таа насока. Но, ретрограден Јупитер во Бик може да влијае и на нашите чувства на самопочит и вредност. На што одлучуваме да му дадеме вредност?
Може да откриеме дека она што го цениме и нештата кон кои се фокусираме се менуваат во моментот за да бидат усогласени со визијата за нашиот живот и иднина.
Сите ретроградни периоди бараат од нас да се навраќаме на минатото за да ги оцениме и повторно да ги разгледаме работите кои сè уште бараат наше внимание.
Ако нешто значајно се случило во вашиот живот во претходниот период, очекувајте повторно да стане релевантно. Не брзајте да го пронајдете најлесниот начин за решавање на проблемот, бидете фокусирани на деталите – кога ќе ја погледнете пошироката слика на ситуацијата, решението ќе се појави само по себе.
Откако прочитавте како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во Бик, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември.
Извор: sensa.mondo.rs