Како ќе ни влијае полната Месечина во Риби на 10 септември?
Само еден ден по започнувањето на ретроградното движење на Меркур, планетата на умот и комуникацијата, нè очекува полна Месечина во знакот Риби. Според астролозите, постои нешто во врска со оваа полна Месечина што е тешко да се одреди и утврди со оглед на тоа дека нејзината енергија е скриена…
Од друга страна, оваа Месечина ќе ни помогне полесно да пристапиме до нашата интуиција. За да го постигнете тоа, замислете си цел која искрено ја посакувате и верувајте дека ќе можете набргу да ја остварите. Потоа, не занемарувајте ги знаците, соништата или интуитивните одговори на кои ќе наидете.
Колку сте поотворени кон светот толку е поголема веројатноста дека ќе бидете свесни за нив. одговорите нема да дојдат преку логика и размислување туку преку чувства и интуиција.
Марс, планетата на акцијата и енергијата, исто така ќе се активира за време на полната Месечина при што може особено да влијае врз нашите емоции, оставајќи нè ранливи и нерасположени. Енергијата на Марс може да биде и избрзана и непромислена, па затоа внимавајте да не избрзате со одлуките.
Освен тоа, енергијата на полната Месечина во Риби ни дава поттик бавно да се движиме и да одвоиме време и тишина за нас самите. Овој хороскопски знак се поврзува со духовност, исцелување и креативност, а тоа значи дека во овој период ќе уживаме во нашата ментална благосостојба.
Меѓу другото, станува збор и за последниот хороскопски знак од Зодијакот кој го претставува крајот на еден циклус, така што оваа полна Месечина може да донесе крај или кулминација на одредена ситуација. Можеби ќе откриете дека конечно можете да уживате во плодовите на вашиот досегашен труд или ќе го спознаете крајот на едно поглавје од вашиот живот. Нека вашето срце биде отворено кон сето она што ќе ви го донесе универзумот и притоа не заборавајте да уживате во целиот процес.
Откако прочитавте што ќе ни донесе полната Месечина во Риби на 10 септември, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните денови оваа недела.
Извор: sensa.mondo.rs