Како ќе ни влијае младата Месечина во знакот Јарец на 23 декември?

Како ќе ни влијае младата Месечина во знакот Јарец на 23 декември?

Почнувајќи од 23 декември, во следните неколку денови нè очекува млада Месечина во знакот Јарец, која, од астролошки аспект, укажува на нови почетоци и ново поглавје.

Како ќе ни влијае младата Месечина во знакот Јарец на 23 декември?

Ова е втора млада месечина во Јарец во 2022 година, првата беше на 2 јануари, токму на почетокот на годината. Тоа симболизира дека Јарецот нè вовел во 2022 година и со енергијата на овој знак ја завршуваме оваа година.

Јарецот ја претставува морската коза – митско суштество кое може да плива во длабочините на морето и да се искачи на највисоките планини, давајќи му уникатна мудрост која не може да се пронајде кај другите животни. Но, и морската коза има свои недостатоци. Иако има опашка, нема перки. Иако има две предни нозе, ѝ недостасуваат задните нозе. Сето ова може да биде дополнителен предизвик за морската коза, но таа со учење и упорност може да ги надмине сите предизвици во животот.

Морската коза е тука да нè потсети дека сите ние сме единствени и посебни суштества. Сите ние имаме свои таленти; сите ние имаме свои способности и кога ќе научиме да ги користиме можеме да уживаме во наградите.

Како можете да се издигнете над вашите маани и недостатоци и самоуверени да го следите она по кое трагаат вашето срце и душа?

Хирон, астероидот познат како „исцелител на ранетите“, е активен под младата Месечина во Јарец. Неговата ретроградна фаза ќе заврши токму на 31 декември. Хирон е познат како исцелител на ранетите затоа што, како морската коза, научил да ја претвора сопствената болка во сила.
Хирон бил напуштен при раѓањето, што предизивикало длабока траума кај него. Но, со текот на годините, тој научил да ги користи своите рани и трауми како моќни портали за лекување. На тој начин тој станал мудар учител.

Многумина од нас сакаат да ја постигнат својата цел, но нашата цел обично не е некој голем план. Нашата цел е потивка, внатрешна. Нашата цел не е нешто што го наоѓаме, тоа е нешто што сме. Нашата цел живее во нас, а не надвор од нас.

Секако, понекогаш мораме да тргнеме на патување за да ја најдеме нашата цел, но, навистина, сè што правиме е да се пронајдеме себеси.

Затоа, не заборавајте дека вашата цел живее во вас и може да се активира под оваа Месечина во Јарец. Пронајдете начин да се поврзете со себе бидејќи на тој начин ќе го најдете вашиот внатрешен пламен.

Енергијата на Хирон ќе ви донесе и позитивни вибрации. Ако има нешто од што сакате да се ослободите или да промените нешто, поставете си го тоа како цел за време на младата Месечина и не грижете се за она што би можело да се случи бидејќи Хирон ќе ви го осветли патот.

Откако прочитавте за влијанието на младата Месечина во Јарец во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар