Како ќе ни влијае младата Месечина во Девица на 14 септември?

Како ќе ни влијае младата Месечина во Девица на 14 септември?

Силната ретроградна енергија на младата Месечина може да нè повлече назад во времето и да нè натера внимателно да ги погледнеме работите за да се увериме дека целосно разбираме каде сме биле пред да продолжиме напред.

Како ќе ни влијае младата Месечина во Девица на 14 септември?

Со толку многу планети кои патуваат ретроградно, ќе се чувствуваме како нашиот нормален живот или одредени ситуации целосно да престанале – можеби е тешко да продолжиме понатаму или едноставно не знаеме како да ја промениме динамиката. Еве како ќе ни влијае младата Месечина во Девица на 14 септември:

Иако ќе продолжиме да чувствуваме стагнација, оваа млада Месечина делува како пресвртница, осветлувајќи ја патеката што ќе ни помогне да се ослободиме од старото и да го видиме минатото од сосема нова перспектива.

Додека енергиите кои се менуваат полека се откриваат, ќе ни биде добредојдена можноста да застанеме за момент. Малата пауза ќе ни овозможи да се прилагодиме подобро, да бидеме подобро подготвени и полесно да ја прифатиме ситуацијата во која се наоѓаме.

Енергијата на Девицата ќе нè води низ ова време и ќе нè потсети дека сè што ни треба е во нас. Ќе најдеме сила, мудрост и знаење за надминување на сите пречки.

Исто така, енергијата на младата Месечина во знакот Девица ќе биде идеална за планирање, креирање распореди и организирање на вашиот живот. За време на оваа енергија треба да се фокусираме на методичен и практичен пристап кон сè што треба да направиме.

Уран, планетата на будењето и промените, ќе биде активен под оваа млада Месечина, предизвикувајќи нестабилност или колебање. Секогаш кога Уран е силен, се чувствуваме малку вознемирени или несигурни за иднината. Оваа неизвесност на крајот ќе предизвика будење.

Освен тоа, Меркур ќе го заврши своето ретроградно патување само еден ден откако младата Месечина ќе го достигне својот врв. Меркур се смета за гласник на боговите, затоа обратете внимание на сите пораки што ви доаѓаат во овој момент. Има добри шанси пораките што ќе ги добиете да имаат дополнително значење.

Откако прочитавте за влијанието на младата Месечина во Девица на 14 септември, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во Бик до 30 декември.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар