Како ќе ни влијае младата Месечина во Близнаци на 18 јуни?

Како ќе ни влијае младата Месечина во Близнаци на 18 јуни?

Во пресрет на младата Месечина, универзумот може да почне тивко (или понекогаш, гласно) да ни го привлекува вниманието на одредени работи во нашите животи. Така, ќе сфатиме дека залудно го трошиме вниманието на работи кои повеќе не функционираат или можеби ќе почувствуваме инспирација за нови идеи или потфати.

Како ќе ни влијае младата Месечина во Близнаци на 18 јуни?

Кога младата Месечина во Близнаци ќе го достигне својот врв, космичките енергии стануваат зрели за поставување намери и преземање акција за новите инспирации. Периодот на младата Месечина е секогаш поволен за да го добиеме она што посакуваме да го добиеме од универзумот.

Но, ако погледнеме малку подлабоко, ќе видиме магла која може да ни го замати расудувањето или да создаде чувство на несигурност. Можеби го чувствуваме повикот да го дочекаме новото и да започнеме одново со нешто во нашите животи, но може да биде тешко да се знае точниот пат.

Нептун, планетата на илузиите, соништата и духовната љубов, ќе биде многу активен под оваа млада Месечина и ќе го фрли својот превез врз енергијата што ќе ја добиеме. Нептун може да направи работите да изгледаат како што не се. Понекогаш може да нè измами ако не внимаваме. Кога станува збор за Нептун, треба да бидеме особено внимателни за да се усогласиме со вистината.

Иако Нептун може да создаде магла и конфузија затскривајќи го нашиот надворешен свет во обид да нè привлече внатре, сепак нè учи да му веруваме на нашето внатрешно расудување. Мораме да одиме чекор по чекор. Мораме да го слушаме гласот на нашата интуиција кој ќе нè води напред.

Нептун нè поттикнува да веруваме во себе. Тоа нè поттикнува навистина да го слушаме нашиот внатрешен глас кога станува збор за следните чекори во нашите животи. Нептун е поврзан и со духовната љубов, па ако ви е тешко да ја слушнете вашата интуиција или да имате доверба во себе, започнете со самољубие.

Дозволете убавите вибрации на Нептун да потонат во вашата душа. Дозволете им да ви го отворат срцето со љубовта што ве опкружува. Потсетете се колку сте сакани и потоа преземете чекори за да ја почувствувате таа љубов што зрачи низ вашето битие.

Јуно, астероидот на партнерството, ќе биде, исто така, активен за време на оваа млада Месечина, така што ќе излезат на површина одредени прашања за љубовната врска.

Јуно ни помага да ја одржиме нашата независност, нашата индивидуална искра во однос на партнерот. Ако се чувствувате малку изгубено, особено во врска, Јуно може да ви помогне да се пронајдете повторно. Тоа може да биде потсетник за тоа кои сте вие и колку е важно да бидете препознаени и ценети од страна на партнерот.

За време на оваа млада Месечина ќе биде активен и Плутон, планетата на трансформацијата, па доколку има некакви промени или трансформации што треба да се случат, особено во љубовната врска, Плутон ќе ни испрати помош.

Непосредно пред младата Месечина во Близнаци да го достигне својот врв, ќе започне ретроградната фаза на Сатурн што ќе нè потсети на одредени лекции од март 2023 година.

Според астролозите, енергијата на оваа млада Месечина ќе нè доведе до некои длабоки сознанија кои можат да ја прошират нашата свест и да ни дадат можност за нови продуктивни почетоци во нашиот живот.

Откако прочитавте за влијанието на младата Месечина во Близнаци, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар