Како ќе ни влијае младата Месечина во Бик на 19 мај?
Земете длабок здив и полека издишете, а тоа нека биде воздишка на олеснување. Конечно ќе можете да почувствувате дека се ослободувате од голем товар. Конечно ќе се опуштите и ќе ја примите енергијата на младата Месечина во Бик.
Со оваа млада месечина, трансформативните и хаотични енергии на затемнувањето што ги доживеавме во изминатите недели ќе почнат да се смируваат. Затемнувањето ни донесе различни промени, будење и трансформации. Нашите животи, или можеби дури и нашата перспектива, може да изгледаат многу поинаку сега отколку кога започна затемнувањето на 19 април.
Бикот е знак поврзан со стабилност и безбедност, а таква ќе биде и енергијата што ќе ја почувствуваме во следните денови. Како можете да создадете поголема сигурност во вашиот живот? Кои чекори можете да ги преземете за да се чувствувате постабилно и посигурно?
Животот секогаш ќе се движи и ќе се менува, но нашето внатрешно битие е местото каде што навистина можеме да создадеме вистинска и трајна сигурност која ќе нè следи каде и да одиме. Она што треба да се запрашаме е што е тоа што ни носи утеха, што ни нуди топла прегратка, што ни помага да се ослободиме и ни дава поддршка.
Младата Месечина во Бик нè потсетува дека не мора да бараме големи работи – малите задоволства и уживања ќе бидат доволни.
За време на оваа млада Месечина, Јупитер ќе транзитира во Бик, а Плутон во Водолија. Станува збор за многу моќна енергија која ќе придонесе за зголемувањето на мотивацијата и инспирацијата.
Препорачливо е во текот на следните денови да пронајдеме време и да се фокусираме на нашиот личен развој и на нашите потреби!
Откако прочитавте за влијанието на младата Месечина во Бик. можеби ќе сакате да прочитате и што ќе привлече вашиот хороскопски знак оваа недела.
Извор: sensa.mondo.rs