Како ќе ни влијае Меркур во Јарец до 20 декември?

Како ќе ни влијае Меркур во Јарец до 20 декември?

Меркур, планетата на комуникацијата и промените, на 6 декември премина во знакот Јарец и таму ќе остане до 20 декември 2022 година. Астролозите истакнуваат дека во текот на овие недели неговото негативно влијание ќе биде ублажено со Нептун чија ретроградна фаза заврши на 5 декември. Од друга страна, Меркур може да нè поттикне да се повлечеме во себе, да зборуваме помалку за нашите емоции и чувства.

Како ќе ни влијае Меркур во Јарец до 20 декември?

Комуникацијата може да биде малку тешка, особено кога се приближуваме до ретроградниот Меркур кој нè очекува на крајот на годината. Поради ова, можно е да ги чекаат посебни предизвици оние кои се занимаваат со преговори на работа. Иако ќе ви се чини дека нештата ќе бидат обвиткани со одредена доза на мистерија, ќе можете да прочитате многу работи меѓу редови. Потпрете се на вашите способности, зборувајте и слушајте внимателно, бидејќи тоа може да ви помогне да ги зголемите приходите.

Меѓу другото, зголеменото ниво на одговорност додека Меркур е во Јарец може да ви помогне да избегнете грешки и да завршите сè на време. Важно е да се внимава на малите нешта, бидејќи во нив ќе се крие главното значење на она што се случува. Некои од вас ќе бидат внимателни во пристапот кон сето она што ќе се одвива. Нема да можете да прифатите „не“ за одговор во светот на кариерата. Со натпросечна деловна острина и одлични организациски вештини, ќе ги мотивирате и другите.

Важно е да ги изразите своите идеи, мислења и ставови бидејќи тоа може да ви помогне да напредувате во кариерата. Бидете директни, но внимателно избирајте ги зборовите. Можни се некои тешки ситуации, но нема да се чувствувате преоптоварени и вознемирени, затоа што сето тоа ќе биде важна животна лекција за вас, промена која треба да ја прифатите за да научите нешто важно за иднината.

Како Меркур во Јарец ќе влијае на секој хороскопски знак?

Бик, Јарец и Девица

Ќе се однесувате како вредна и одговорна личност која постигнува успех преку развивање на лични вештини и храброст. Ќе биде важно да бидете реални и да имате практичен пристап кон нештата.

Овен, Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав

Ќе се стремите кон тоа да бидете посигурни во себе и да носите одлуки без двоумење. Ќе видите дека животот е во ваши раце, дека никој не ве чува и никој не може да ви помогне или води сега. Како резултат на тоа, ќе научите да бидете одговорни, фокусирани и дисциплинирани и целосно да се фокусирате на она што е важно за вас.

Рак, Вага, Скорпија и Риби

Ќе сфатите дека сте способни да работите уште повеќе и да поминете долго време без одмор. Кога сте под голем притисок, можете да се фокусирате на позитивното и да се смирите. Ќе ви треба тивка средина каде што ќе можете да размислувате и анализирате. Ќе го презирате хаосот и ќе направите сè за да избегнете каква било промена што не сте ја очекувале. За да ја донесете најдобрата можна одлука, проверете дали сè е точно. Не заборавајте дека вашиот труд и вложено време ќе се исплатат во блиска иднина.

Откако прочитавте за влијанието на Меркур во следните недели, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни пресврти во 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар