Како ќе ни влијае денешната полна Месечина која е последна за оваа зима?

Како ќе ни влијае денешната полна Месечина која е последна за оваа зима?

Денес, од астролошки аспект нè очекува полна Месечина во знакот Девица. Индијците ја именувале полната Месечина по природните појави кои се карактеристични за секој месец. Едно од најпопуларните имиња за мартовската полна Месечина е поврзано со дождовните црви бидејќи во овој период времето почнува да се загрева и земјата омекнува, почнуваат да се појавуваат дождовни црви кои привлекуваат птици, кои, од друга страна, се предвесници на пролетта. Полната месечина во март се нарекува и полна Месечина на врани бидејќи звукот на птиците го означува крајот на зимата. Ова е и последната зимска полна Месечина.

Како ќе ни влијае денешната полна Месечина која е последна за оваа зима?

До крајот на месецот веројатно ќе се соочиме со промени и нови можности. За да се подготвиме за сите овие настани, денешната полна Месечина ќе ни биде како светилник.

Дали чувствувате дека е време да се одморите, да се опуштите или да ја отворите вратата за нешто ново? Дали сакате да се смирите за момент или сте подготвени да му покажете на светот што знаете и умеете? Толку многу работи се подготвуваат под оваа полна Месечина што сè изгледа возможно, па затоа почитувајте ги сопствените потреби и обратете внимание на она што вашиот ум, тело и душа се обидуваат да ви го соопштат.

Хирон, астероид на ранетиот исцелител, и Јупитер, планетата на изобилството, исто така ќе бидат активни за време на оваа полна Месечина. Оваа комбинација може да донесе позитивни промени и да одговори на некои критични прашања. Сепак, може да ги извади на површина и раните кои треба да се зацелат што побргу.

Оваа енергија нè поттикнува да се потсетиме на моќта што можеме да ја најдеме кога практикуваме самољубие, кога се залагаме за себе и ја почитуваме нашата интуиција. Оваа енергија ќе нè поттикне првин да ги наполниме нашите енергетски батерии за да имаме доволно енергија да пренесеме и на другите.

Не плашете се да се откажете од работите што не се наменети за вас, бидејќи сè што ќе се случи под оваа полна Месечина веројатно само ве подготвува за нови можности што ќе дојдат во март.

Додека ве придружува оваа лунарна енергија, бидете љубезни, трпеливи и нежни со себе. Обратете внимание на вашите потреби и слушајте го вашиот ум, тело и душа. Универзумот ќе ви даде енергија која ќе ви биде потребна за да го отворите новото поглавје. Доволно е да верувате дека се ќе биде во ред.

Откако прочитавте за влијанието на денешната полна Месечина, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар