Како ќе ни влијае денес конјункцијата на Венера и Нептун во знакот Риби?
Во последните денови сведоци сме на конјункцијата помеѓу Венера и Нептун во знакот Риби, а овој романтичен и визионерски планетарен аспект ќе го достигне својот врв на 15 февруари. Прочитајте за фазите на љубовта кои нè очекуваат во следниот период.
Заљубување – чувство кое нè движи, буди надеж, ги зајакнува желбите, но и очекувањата.
Сништа – сонуваме, фантазираме, сакаме повеќе од тоа што го имаме сега.
Спомени – се сеќаваме на убавите спомени, се враќаме во минатото, ги оживуваме.
Илузија – лесно е да нè излажат, особено кога сме заљубени.
Конфузија – каде и како да продолжиме, што да правиме.
Измама – откриваме тајни, можеби сфаќаме дека некој не е искрен со нас.
Простување – им простуваме на оние што нè повредиле и на тој начин продолжуваме понатаму.
Овој планетарен аспект не познава граници. Нè носи до височини каде што се е можно, но може и да нè фрли во бездната со разочарувања.
Лесно губиме контакт со реалноста, ги гледаме нештата како што сакаме да ги видиме, а не како што изгледаат во реалноста. Кога сакаме, го даваме целото срце, целосно се предаваме. Кога љубовта заминува, невозможно е да се запрат солзите.
Сочувствуваме, им помагаме на оние на кои им е потребна помош.
Чувствуваме срам или вина, како некому да му должиме нешто, па премногу се трудиме да се објасниме.
Ова е исто така аспект на создавање силни духовни врски.
Бидете покрај оние со кои сè е толку лесно и едноставно.
Во потрага сте по љубов? Започнете со себе. Однесувајте се кон себе исто како што би се однесувале кон најблиските.
Откако прочитавте за конкункцијата на Венера и Нептун во Риби, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе се соочат со одредени предизвици во февруари.
Извор: sensa.mondo.rs