Како хороскопските знаци ја поднесуваат сексуалната апстиненција?
Сексот за многу луѓе е важна компонента од животот. Некои не можат да живеат без него, а некои би издржале и без редовна сексуална акција. Одредени луѓе можат да поднесат недостаток на секс, а за други тоа е неисполнета потреба која може да го промени нивното однесување. Погледнете како хороскопските знаци се соочуваат со недостатокот на секс.
Овен
Овните се зависници од секс. Тешко ја контролираат својата сексуална желба, па затоа не поднесуваат ни кратка апстиненција. Во таквиот период тие стануваат нервозни и избувливи, па затоа пронаоѓаат утеха во еротските магазини и порно филмовите, но понекогаш тие наместо да ги задоволат нивните страсти уште повеќе ги зголемуваат.
Кога ќе изгуби самоконтрола, Овенот се претвора во вистински проблем. Кога се додворуваат, нивниот пристап не е ни малку тактичен, нити романтичен и без никаков повод ќе му дадат до знаење на потенцијалниот партнер дека се заинтересирани за секс.
Бик
Биковите се страсни, но кулминацијата на нивната сексуална желба не се случува нагло, туку доаѓа заедно со емоциите, а токму тоа е причината за успешното контролирање на нивната сексуална енергија. Иако се труди да ја скрие неговата фрустрација, кога е без секс, Бикот може да ги почувствува последиците на „сушниот период“.
Совршена утеха за него се храната или еротските списанија кои му го ублажуваат чувството на празнина. Овој знак многу брзо се впушта во освојување на спротивниот пол. Сепак, без разлика на големата желба да го задоволи својот сексуален глад, вистинската страст ќе ја покаже дури во кревет.
Близнаци
Љубопитните Близнаци сакаат секс и веднаш штом почувствуваат заситеност од врската, тие имаат тенденција да го променат партнерот. За нив сексот е многу важен, па при апстинирање, тие се чувствуваат дезориентирано и тешко се фокусираат на секојдневните обврски.
Кога станува збор за освојување на спротивниот пол, тие стануваат скоро досадни во намерата да одведат некоја жртва во кревет за „секс набрзинка“. Немаат нерви за долги освојувања, па се служат со различни трикови. Тие се многу уверливи затоа што се добри глумци, а кога ќе го добијат она што го сакаат, исчезнуваат во потрага по нов извор на страст, иако претходно ветувале траен однос и голема љубов.
Рак
Романтичниот Рак е многу еротско суштество, но нема силна потреба за сексуални односи. При недостаток на секс, попрво би избрал да биде осамен, отколку да се впушта во врска со кој било. Долго се храни со надежта дека ќе ја запознае вистинската личност со која ќе оствари длабока врска, па затоа може да издржи и без секс.
Емоциите кај Ракот мора да бидат застапени во иста количина како и сексот, но долгото незадоволство ќе резултира со разочарување, депресија и повлекување во себе. И дури, со текот на времето може да дојде до потиснување на интересот за секс. Многу Ракови живеат во свет на еротски фантазии кои им се компензација за вистинскиот сексуален живот.
Лав
Страсниот Лав постојано размислува за секс. Иако вистински ужива во водењето љубов, сексот му го храни егото – па затоа му е потребен и како доказ за сопствената вредност. Кога апстинира, Лавот станува нервозен и склон кон вербални судири.
Тој сака да се фали со сексуалните потфати и бројот на партнери, а неретко на спротивниот пол му истакнува дека е одличен во кревет и притоа ветува незаборавни мигови. Тој го прикрива својот недостаток на секс затоа што сака да ја задржи сликата на голем и успешен љубовник во очите на другите.
Девица
Девицата многу често со нејзиниот ладен став може да остави впечаток на личност на која не ѝ е грижа за секс. Вистината е дека всушност таа е желна за нежности и галења и дека недостатокот на секс прилично тешко ѝ паѓа. При такви моменти, таа станува многу непријатна за околината, а тоа се гледа по нејзината нервоза, излив на бес и зајадливост.
Недостатокот на сексуална активност ја компензира со работа. Ако е во брак или во врска во која не ѝ е задоволена желбата за секс, тогаш Девицата брзо ќе се олади и ќе се одлучи на двоен живот со љубовник/ца.
Вага
Вагата не е зависник од секс, туку е зависник од љубов. Таа е романтична и по природа лесно се заљубува. Проблемот кај овој знак е што тие два поими често ги меша. Ако нејзините обиди да заведе некој уште веднаш не се покажат како успешни, Вагата без мислење преминува на друга жртва.
Тешко поднесува долга осаменост и сексуална неактивност, па во тој период умее да претера и да се препушти на промискуитет. Вагата е вечен заводник во душа, па затоа со честото меркање и сексуална активност го храни егото кое е желно за потврда и признание.
Скорпија
Ненаситната Скорпија пати од синдромот на пренагласен секс. Нејзината страсна природа мора да ги задоволи нејзините нагони – колку повеќе, толку подобро, бидејќи во спротивност таа може да изгуби самоконтрола и да стане толку опседната со секс што при контакт со спротивниот пол станува насилна и наметлива.
Кога станува збор за освојување, таа не се откажува додека другата страна не се предаде. Ако не може да ја контролира апстиненцијата, тогаш „дружбата со пријателите“ за неа е совршеното нешто.
Стрелец
Темпераментниот Стрелец сака секс во сите пози и на сите начини, но не е зависен од него. Со задоволство ќе прифати секс за една вечер, но тоа искуство брзо го заборава. За него, сосема нормално е да се води љубов, но и да се апстинира.
Тој е свој во секое поле, па затоа добро ја поднесува апстиненцијата. Собраната сексуална енергија ја исфрла преку спорт, забава и рекреација. Тој е спонтан и добро се контролира – па можеби тоа е тајната на неговата успешност во освојување на спротивниот пол.
Јарец
Јарците се познати како луѓе со изразена самоконтрола и поради таа карактеристика тие долго можат да ја потиснуваат својата сексуална желба. Нo, напротив, тоа не значи дека ја немаат, тие се исклучително страсни, само се премногу пребирливи кога станува збор за изборот на партнер. Јарецот е сексуално активен онолку колку што партнерот го привлекува и интересира.
Затоа, Јарецот е оној кој можеби најдобро ја поднесува сексуалната апстиненција. Тој може да издржи без секс со месеци, па дури и години, а тоа да биде незабележливо во неговото однесување. Дури напротив, тој се однесува и делува како да излегол од најстрасната прегратка и честопати сексуалните фантазии му се замена за вистински секс.
Водолија
Водолијата не е зависна од сексот и долго може да апстинира. Спремна е отворено да признае колку долго не била сексуално активна и тоа го смета како најприродна појава. Во „сушниот период“ времето го пополнува со забава со пријатели или со некое хоби додека е во исчекување на некој спонтан однос или врска.
Дури и кога долго апстинира, Водолијата не е нетрпелива во освојување на спротивниот пол. Лесниот плен не е доволно голем предизвик за неа. Без разлика колку долго ќе трае тоа, таа сепак сака да освои некоја личност која многу ѝ се допаѓа.
Риби
Рибата честопати е жртва на своите длабоки романтични чувства кои влијаат на секој дел од нејзиниот живот – па и на нејзините сексуални односи. Таа секогаш е заљубена во оној со кој има сексуални односи затоа што не разликува секс од љубов. Припадниците на овој знак не се зависници од секс во вистинска смисла на зборот, туку од потребата постојано да бидат сакани.
Во периодот кога е без партнер, Рибата панично ја бара својата сродна душа и притоа не бира како објектот на нејзиниот интерес што побрзо да се најде во кревет со неа. Кога сака да освои некој, таа може да биде многу заморна и напорна и воопшто да не се откаже. Она со што може да се пофали е тоа што е добар освојувач, а тоа се должи на нејзиниот шарм.