Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

Секој хороскопски знак се однесува различно кога се работи за љубовта. Сите сакаат да најдат вистинска љубов, но ретко кој е подготвен да ги направи потребните жртви и компромиси за да ја зачува. Прочитајте како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот…

Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

Овен

Овните ја оттурнуваат сродната душа со тоа што не сакаат да се врзуваат и постојано се во движење.

Тие немаат проблем да се заљубат, бидејќи сакаат да доживуваат нови, возбудливи чувства. Меѓутоа кога нештата ќе станат сериозни и удобни, Овните почнуваат да се плашат. Тие се навикнати постојано да се движат, да менуваат работи и не знаат како да се однесуваат кога ќе ја најдат личноста со која би можеле да го поминат животот.

Бик

Биковите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што не ѝ ги простуваат грешките.

Биковите сакаат длабоко и страсно, но интензитетот на нивните емоции знае да ги премине границите на нормалата. Тие не простуваат и тешко им е да ги заборават грешките на партнерот, дури и ако го добиле посакуваното извинување. Воопшто не се флексибилни и се стремат кон совршенство во љубовта.

Близнаци

Близнаците ја оттурнуваат сродната душа со нивната неодлучност.

Тие не знаат што сакаат од врската, но и од животот. Близнаците честопати очекуваат од партнерот тој да одлучува наместо нив. Наместо да бараат поддршка, тие очекуваат некој друг да им ги донесува важните животни одлуки и на тој начин целосно ја губат сопствената независност.

Рак

Раковите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што ѝ кажуваат како би требало да се чувствува.

Раковите имаат силна интуиција и добро знаат да ги прочитаат луѓето, а тоа знае да предизвика проблеми во љубовните врски. Честопати, тие инстинктивно се обидуваат да ги проектираат нивните сопствени чувства на партнерите или им кажуваат како би требало да се чувствуваат, наместо да ги сослушаат и да ги прашаат што им се случува.

Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

Лав

Лавовите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да ги контролираат нештата врз кои не може да се воспостави контрола.

Лавовите секогаш ги преземаат работите во нивни раце и од ништо прават нешто спектакуларно. Но, оваа навика знае да им наштети во љубовниот живот. Тие не разбираат дека љубовта не може да се контролира и манипулира. Иако многу се трудат во љубовните врски, понекогаш знаат да ги исплашат партнерите со нивната потреба да доминираат во секој аспект од врската, наместо да ја остават да дише.

Девица

Девиците ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се плашат од развојот на врската.

Секогаш кога ќе започнат среќна врска, нивниот мозок одлучува дека е време да почне да смислува милион причини зошто сето ова е лоша идеја и зошто нивната врска е осудена на пропаст. Колку и да се трудат нивните партнери, нормално е тоа што завршуваат повредени бидејќи Девиците постојано претеруваат со размислување и неуморно бараат причини за да бидат несреќни и незадоволни. Тие не ја оттурнуваат нивната сродна душа од себе, туку самите почнуваат да се оддалечуваат, поради што крајот на врската е неизбежен.

Вага

Вагите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што ја наведуваат да помисли дека мора да се натпреварува со сите луѓе во нивниот живот.

Нема ништо лошо во тоа да се има многу пријатели и блиски личности. Но, партнерите на Вагите не можат да се вклопат во нивниот богат социјален живот и имаат чувство дека мораат постојано да се борат за нивното внимание.

Скорпија

Скорпиите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да ја саботираат сопствената среќа.

Скорпиите не можат да поверуваат дека заслужуваат да бидат среќни со некого. Наместо да уживаат во моментот и да им се препуштат на емоциите, тие се борат со љубомората, сомнежите и постојаната грижа за тоа дали врската ќе трае или не.

Како хороскопските знаци ја оттурнуваат од себе љубовта на нивниот живот?

Стрелец

Стрелците ја оттурнуваат сродната душа со нивната претерана пасивност во врската.

Стрелците се безгрижни и позитивни, а тоа се нивните најдобри страни. Меѓутоа, овие особини поинаку се одразуваат на нивните љубовни врски. Нивната безгрижност преминува во пасивност и делуваат како воопшто да не се грижат околу тоа како се развива нивната врска. Со текот на времето, нивните партнери почнуваат да се плашат дека само тие се целосно посветени на врската и затоа постепено се оддалечуваат.

Јарец

Јарците ја оттурнуваат сродната душа со тоа што секогаш помислуваат на најлошото.

Јарците се многу практични и фокусирани во нивниот секојдневен живот, што е одлично за нивната кариера и амбиција. Но, кога се работи за љубовта, песимистичкиот став може да се одрази негативно на врската, поради што нивните партнери престануваат да се трудат и постепено се оддалечуваат.

Водолија

Водолиите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што се обидуваат да се заштитат наместо целосно да се препуштат.

Речиси сите Водолии биле многу повредени во минатото и затоа им е тешко повторно да го отворат срцето. Посигурно им е да останат ладни и далечни, иако таквото однесување остава уште понегативни последици не само на нивните партнери, туку и на нив самите.

Риби

Рибите ја оттурнуваат сродната душа со тоа што мислат дека проблемите ќе се решат сами по себе.

На Рибите не им е тешко да се поврзат со луѓето. Нивната добрина и сочувство делуваат како магнет на околината. Но, кога врската ќе стане посериозна, кај нив почнуваат да се јавуваат нереалистични очекувања и не знаат како да се справат со проблемите. Тие живеат со главата во облаците, наместо да се соочат со тешкотиите кои се неизбежен дел од секоја љубовна врска.

Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа како вашиот хороскопски знак се однесува во љубовта, прочитајте која е вашата најлоша навика во љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар