Како хороскопските знаци го шокираат својот љубовен партнер?
Доколку верувате во хороскопот, сигурно сте забележале дека вашиот хороскопски знак влијае на тоа како ве доживува околината. Без разлика дали се сметате себеси за контроверзна личност или не, веројатно имате некои карактеристики и навики со кои знаете да ги шокирате луѓето околу вас. Во продолжение прочитајте како секој хороскопски знак може да го шокира неговиот партнер….
Овен
Овенот шокира со неговата импулсивност, нетрпеливост и презирот спрема советите што ги добива од другите луѓе. Тој можеби ќе успее да издржи 2 минути да го ислуша вашето ломотење за дипломатија, но на крајот пак ќе постапи по свое. На колегите кои се прават важни, ќе им истури сè во лице, па нека биде што биде. Доколку сте се дотерале за вечерно излегување со Овен, ќе се шокирате кога ќе ви ја отвори вратата по тренерка, со шрафцигер и осигурувач во едната, а пиво во другата рака. Па, што има врска? Во секој случај, нема да задоцните на свеченото отворање.
Бик
Бикот шокира со неговите главни адути: Истрајност или бавност (во зависност од ситуацијата) и упорност или тврдоглавост. Повторно зависи од ситуацијата. Со денови, па и месеци може да чекате на нешто што ви го ветил, затоа што кога ќе го фати мрза, многу тешко ќе се помрдне од место. Меѓутоа, кога ќе се развредни, работи со полна пареа. А, пак, кога во некоја кафеана ќе си ја отвори душата и ќе ви признае дека има чувства за вас, ќе останете шокирани. Уште ако работите во некој медиум или важна институција, ви нема спас, бидејќи Бикот тогаш целосно го губи разумот.
Близнаци
Тие почнуваат да ве шокираат многу брзо, затоа што се така шармантни, комуникативни, информирани, начитани, непосредни и интелигентни што веднаш можат да ве освојат. Меѓутоа, истите тие особини го преобразуваат вашиот Близнак во личност која уста не затвора, спие со мобилниот телефон под перница и блее во телевизорот додека вие парадирате наоколу по долна облека само за негови очи. Шокот ја достигнува својата кулминација кога треба да отиде до супермаркет, па баш тогаш му текнува дека треба да ја промени водата на папагалот или да го исчисти филтерот на машината за садови.
Рак
Додека вие мислите дека Ракот се кине од работа, тој ви се јавува од непознат број (му снемало батерија) од некоја кафеана, каде со пријателите си дава малку оддишка, затоа што дента времето се променило барем 5 пати, а во весниците пишува дека озонската дупка се проширила. Картичката му е одбиена во супермаркет баш тогаш кога сакал да купи нешто за дома, а роднините му додеваат цел ден. Многу се изнервирал, ама не сакал да ве вознемирува кога веќе и онака сте во шок.
Лав
Подобро запрашајте се со што Лавот нема да ве шокира, затоа што е секогаш подготвен на големи дела, секако во негова корист. Тоа го прави и за негово задоволство кое ќе се обиде да го сподели со вас, но бидејќи вие секогаш сте зафатени, кој ви е крив кога тој ќе добие покана или карти за некоја модна ревија, филмска или театарска премиера, или, пак, тениски натпревар, а вие не можете да му правите друштво? Тој секако дека не е крив, иако ќе останете шокирани кога девојката Лав ќе ви соопшти дека ќе оди на летување со пријателките, а момчето Лав дека ќе патува со друштво на фестивал за пиво.
Девица
Таа и тоа како знае да шокира, онака отмена, воздржана и рационална. Ќе се шокирате од таа нејзина рационалност и постојано се тешите дека разумот на вашата Девица која ве спушта на земја секогаш кога ќе забегате малку, ќе ве чува и од сите ваши непромислени постапки. А што правиме со емотивноста? Девицата ќе ве изненади со нејзината чувствителност, особено ако се воодушевите што го поправила интерфонот или направила вкусен ручек. Ќе ве гледа право во очи додека ја фалите, бидејќи конечно ги дочекала нејзините 5 минути.
Вага
Толку слатка, а толку шокантна, што нема да можете да им поверувате на ушите кога ќе ја чуете како милозвучно ви соопштува преку телефон дека ви ја испразнила сметката во банка затоа што видела феноменални чевли. И чанта. И по некој моден додаток. Таа отсекогаш била во тренд, затоа и ви се допаднала веднаш. А сега се буните! Баш сте неблагодарни, речиси и не заслужувате да бидете нејзиниот партнер. Но, затоа што е толку фина и многу ве сака, вашата Вага веднаш ќе ви прости, особено затоа што сте толку шокирани.
Скорпија
Иако би сакала да ви ја „плесне“ целата вистина во лице, таа нема да го шокира оној кого го сака, туку сите други околу себе. Тоа ќе го прави на така суптилен и вешт начин, што сите ќе се почувствуваат како да зависат од неа. Ако успеете да ѕирнете во нејзината фантазија, ќе останете шокирани кога ќе сфатите дека вашата Скорпија сонува за времето кога била млада и немала ништо, ниту кариера, ниту пари, ниту оној џип во гаражата, но била заљубена до уши, ама не во вас.
Стрелец
И тоа како ќе ве шокира Стрелецот ако сте негов партнер. На крајот на краиштата, не сте вие кој било! Стрелецот ве одбрал токму вас за да ви го креира и разубавува животот. Адреналинот кој струи во неговите вени ви го пренесува и вам во моментот кога ќе седнете до него во неговиот убав автомобил или кога без предупредување ќе ви соопшти дека би сакал дете со вас.
Јарец
Јарецот ќе ве шокира кога додека со жар ви ги објаснува неговите проекти и нови идеи, одеднаш ќе ви соопшти како со години сака да објави книга или љубовен роман, да продолжи да работи на своето недовршено сликарско платно, да компонира музика или како веќе одамна фантазира за сопствена модна линија или романтично патување со вас. Ќе го подготви теренот за заедничко патување во Париз или Шпанија, ќе резервира кари и ќе се распраша за престој и туристички атракции. Сепак, еднаш се живее.
Водолија
Може ли една Водолија воопшто да ве шокира? Може како не може, и тоа кога најмалку сте очекувале. Баш тој ден кога вие сте се откажале од заедничкиот ручек и сте отишле да се видите со пријателите, ко за инат решила да дојде дома порано. Праќате порака, а таа учтиво ви одговара, по што вие нормално се прашувате што се крие зад сè тоа. Ништо, Водолијата се има испружено на каучот пред телевизор со далечинскиот управувач во рака и го гледа омилениот квиз. Мобилниот не престанува да ѕвони, па го става на вибрации…
Риби
Рибите шокираат и кога изгледаат збунети, и кога навистина се, а и кога се преправаат дека се збунети, па ви доаѓа да ги растресете малку. Но, работата е што тие веќе успеале да ве растресат вас со некоја нивна одлука од која ви се крева косата. Во меѓувреме вашата партнерка во овој знак веќе успеала некому да му падне во очи, додека навидум наивните машки Риби знаат да го завртат умот на првата девојка која ќе им налета. Па, кој е сега тука шокиран?