Како да ја покажете љубовта кон жена родена во знакот Овен?
Припадничките на хороскопскиот знак Овен се многу силни и не се плашат да се борат за она што го сакаат. Тоа важи за нивната кариера, живот, а особено за љубовта. Жените Овни нема да прифатат ништо помалку од тоа што го заслужуваат. За да сакате толку независна жена треба да размислувате со своја глава и да можете да го следите нејзиното темпо. Еве неколку начини на кои можете да ја покажете љубовта кон вашата сакана родена во знакот Овен…
Следете го нејзиното темпо
Овните се луѓе од акција. Тие можат да се разбудат во 6 часот наутро подготвени да го зграпчат денот. Немаат време да ве чекаат да соберете сила за да станете од кревет. Треба секогаш да бидете подготвени да отидете на џогирање или планинарење, бидејќи таа сака да биде во движење. Жената Овен нема време за губење! Патиките на нозе и држете го нејзиното темпо!
Секогаш бидете брутално искрени со неа
Овните се секогаш директни и брутално искрени. Тие ќе ви кажат дека кошулата ви стои лошо и воопшто нема да се загрижат дали ви ги повредиле чувствата. Овните сметаат дека на тој начин ви вршат услуга и ве спречуваат да направите нешто што би ве засрамило. Истата искреност ја очекуваат и од вас. Доколку згреши некаде, кажете ѝ го тоа. Само бидете подготвени за караница, бидејќи таа е многу тврдоглава.
Никогаш немојте да доцните
Според Овните, на време сте доколку сте стигнале 15 минути порано. Жените Овни мразат да чекаат, така што никогаш немојте да доцните. Доколку навистина ја изнервирате, очекувајте порака во која ви соопштува дека си заминала. Таа нема да го поднесува ваквото непочитување поради вашата неспособност да го испланирате времето. Тоа не е нејзин проблем. Тоа е ваш проблем и треба да го решите.
Извинете се доколку ја налутите
Тешко е да се налути Овен, бидејќи тие се многу опуштени. Барем додека не им стапнете на нерв. Ако успеете да налутите Овен, подгответе се за жестока караница. Овните знаат да кажат работи што можат многу да повредат, бидејќи мислат дека не ги почитувате нивните чувства. Доколку се најдете во таква ситуација, прашајте ја каде сте згрешиле и искрено од срце извинете се. Кажете ѝ дека целосно ја разбирате и дека никогаш нема да ви се повтори грешката.
Имајте свој живот
Немојте да бидете опсесивни. Доколку се почувствува како во затвор, жената Овен нема да се двоуми дали да ви го избрише бројот и да заборави дека некогаш сте постоеле. Имајте свој живот. Сте имале живот пред да се појави оваа жена, така што продолжете да го живеете истиот. Таа многу повеќе ќе ве цени доколку имате сопствен идентитет што не е поврзан со нејзиниот. Дружете се со вашите пријатели и не ги заборавајте вашите хобија. Но, не ја заборавајте ниту неа. Таа ве сака и треба да ја обожавате, само не 24 часа дневно.
Никогаш не ја оставајте да чека
Овните се најнетрпеливите луѓе што постојат на светот. Доколку видат редица во кино или банка, страшно се нервираат. Мразат да чекаат за што било и ќе се муртат и жалат поради тоа. Ако треба да донесете некоја важна одлука за вашата врска, но се двоумите, таа нема да ве чека долго туку ќе тргне по нејзиниот пат. Мора да бидете одлучни и сигурни, бидејќи таа нема да ги толерира вашите сомнежи.
Имајте толеранција за нејзините „испади“
Понекогаш, жените родени во овој знак се лутат и се истураат на човекот кој прв ќе им се најде на патот. Откако ќе експлодираат и ќе се ослободат од негативната енергија, можат да продолжат понатаму. Немојте да го спомнувате нивниот „испад“ 20 минути подоцна, бидејќи тие веќе заборавиле на него и истото го очекуваат и од вас. Ако имате нешто да кажете, кажете го тоа за време на караницата. На Овните исто така многу тешко им паѓаат извинувањата. Ако ја имате таа среќа жена Овен да почне да ви се извинува, знајте дека навистина го мисли тоа и свесна е за нејзината грешка.