Како да го освоите авантуристичкото срце на мажот Стрелец?
Ако сакате еден Стрелец да се вљуби во вас, мора да му дадете простор. И тоа дајте му толку простор што ќе почне да се чувствува осамено. Стрелецот е огнен знак и понекогаш чувствува потреба да избега од секоја ситуација. Огнот создава дива личност која не е способна да остане посветена. Иако тие сакаат да чувствуваат љубов, и духовно, и физички, нивната потреба за слобода секогаш останува речиси иста.
Па ако сакате вашиот Стрелец навистина да се вљуби во вас, бидете како свеж воздух. Немојте да го гушите и да му го одземате просторот кој му е потребен.
На Стрелците им е многу важен нивниот личен простор, па ако не можете да го прифатите ова, подобро откажете се уште сега. Ако вие сте девојка која постојано мора да знае каде е нејзиниот Стрелец во секој период од денот, вашата врска нема да трае долго.
Стрелците не се среќни во присилена врска. Ним им е потребна целосна слобода. Поради ова, вербата е важен фактор во успешната љубовна врска. Ако можете заедно да работите на оваа доверба и да имате добра комуникација, вашата врска ќе станува посилна и ќе трае. За да го натерате Стрелецот да се вљуби во вас, мора да бидете независни. Бидете девојка која може да се грижи за себе. Имајте работа, бидете одговорни и имајте оптимистички поглед кон животот.
Типичниот маж Стрелец е многу позитивен бидејќи во сите ситуации гледа можност за нешто повеќе. Ако сте негативни, песимисти или постојано критикувате, вашата врска нема да издржи многу. Нема да бидете компатибилни со Стрелецот бидејќи нема да ги поднесувате вашите различни ставови за животот. Нема ништо заедничко кај партнерите кога едниот е среќен, а другиот е песимист.
Што бараат овие мажи кај жените?
Стрелецот е авантурист. Тој патува низ светот и се обидува да се ослободи од границите кои му се поставени од општеството. Тој на некој начин е и бунтовник, па ако сакате да му го привлечете вниманието треба да бидете авантуристи. Предложете му некоја луда авантура на Стрелецот. Колку поекстремно звучи, толку тој ќе биде позадоволен. Стрелците имаат постојана потреба од авантури за да се чувствуваат исполнето. Кога станува збор за љубовта, нивната партнерка едноставно мора да ја прифати оваа особина. Тој навистина ќе ве цени ако и вие му се придружите во авантурите.
Па ако барате „лошо момче“ кое е малку мистериозно, обидете се да го освоите срцето на Стрелецот. Пробајте да го освоите со вашиот шарм и оптимизам. Сфатете дека тој има потреба да живее слободно и позитивно, па бидете покрај него и заедно созревајте. Заедно можете да ја научите мудроста на животот, но и да научите многу еден за друг преку вашите авантури.
Патот кон срцето на Стрелецот е преку делување. Тој мора да види дека вие сте девојка која ќе го сака и ќе биде со него. Можеби ќе ве тестира, но немојте да се плашите од него. Најважното нешто е да останете покрај него, да имате самодоверба, да бидете среќни и возбудени за животот. Истражувајте го светот со него и одете на места кои не сте ни помислувале да ги посетите. Изложете го вашиот ум на разни култури за и двајцата да се чувствувате исполнето.
Што треба да знаете за мажот Стрелец?
Познато е дека овие мажи се авантуристи и поретко се посветуваат. Па ваша задача е да го убедите дека може да ви се посвети вам и на вашата врска. Ова е начин да го стабилизирате. Обидете се да го натерате Стрелецот да ви се отвори додека комуницирате. Ова ќе ве зближи и ќе ја зајакне вашата врска. Бидејќи Стрелецот е постојан патник, тој речиси секогаш е мудар и интелигентен. Па ако и вие ги поседувате овие особини, вие двајца ќе бидете совршен пар.
Стрелците се навистина дарежливи и добри кога ќе го пронајдат вистинскиот партнер. Штом Стрелецот ќе се вљуби во вас, тој ќе ви овозможи живот полн со љубов, топлина и страст.
Дознајте и како хороскопските знаци покажуваат љубов.