Кај Скорпиите нема златна средина, но токму нивните екстреми ги прават највозбудливите љубовни партнери
Кога станува збор за љубовта, нема златна средина за екстремните Скорпиите. Вие или целосно ќе им се предадете или ќе се тргнете од нивниот пат. Од друга страна пак, тие имаат и репутација – познати се како најсексуалните знаци што често подлегнуваат на љубомора, контрола, опсесивност…
Да, вистина е дека страсните знаци можат да бидат интензивни. Една минута тие се опуштени и мистериозни, полудувајќи ги партнерите со нивното поделено внимание, а следната минута започнуваат сериозна врска и целосно се посветуваат на партнерот. Ако сте заљубени во Скорпија, тогаш знаете дека овие екстреми се редовна појава во животот со нив.
Скорпиите постојано се сомневаат, па тешко стекнуваат доверба во некого и затоа ќе се борат против интимноста со секој нивен чекор. Љубовта за нив е истовремено и привлечна, но и застрашувачка. Но длабоко во себе, и тие како и секој друг, посакуваат да го најдат совршениот партнер. Тоа значи и дека нема да се задоволат со минливи врски.
Кога конечно ќе ја најдат сродната душа, тие не само што ќе ѝ се посветат туку ќе станат „едно“ со неа. Поради таа причина и многу често знаат да се изгубат во врската. Иако овој концепт има лоша репутација, тоа е всушност есенцијален дел од интимноста кога станува збор за врска со Скорпијата и тие го прават на сосема поинаков начин од останатите. Кога ќе им се препуштите и ќе станете нивни, вашата врска ќе почне да сјае. Прекрасно!
Но за да стигнат до таму, тие мора да работат на своите проблеми со контролата. Скорпијата владее со психологијата, па затоа и добриот терапевт може да им биде од огромна корист. Тие исто така имаат и многу големи придобивки од јога, медитација, спиритуалност или која било активност што ги засилува однатре и им ги смирува ирационалните стравови.
Ако сакате да ја задржите Скорпијата крај себе, мора да направите да им се исплати да ве чуваат на долг рок. Одвреме-навреме нивните ставови можат да им бидат најголемите непријатели, но доколку сте трпеливи и имате разбирање за нив, тогаш сигурни сме дека ќе создадете врска што ќе изобилува со љубов и страст. Тие ќе бидат вашиот совршен партнер и целиот труд што ќе го вложите во нив ќе ви се врати дупло.
Прочитајте ги и овие 10 знаци дека сте апсолутна Скорпија во хороскоп!