Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015? - Part 2

Каде го чека среќата вашиот хороскопски знак во 2015?

(1) Kade-go-cheka-srekjata-vashiot-horoskopski-znak-vo-2015-godina-www.kafepauza.mk

Рак

Поставеноста на ѕвездите вам ќе ви донесе промени поврзани со образованието, духовноста, верата, за патување или за селење во странство. Ако не е неопходно, избегнувајте какви било промени околу 20 март и 4 април, кога има затемнување на Сонцето и Месечината. Потребно е да бидете доста толерантни во односите со другите. Ако сте нетактични, постапувате недипломатски и не тежнеете кон брзо и мирно разрешување на проблемите, тогаш можете да очекувате многу несогласувања со партнерот или со пријателите.

Во септември, конкретно на 13 септември можете да очекувате поголеми промени. Тие ќе се случуваат во вашата блиска околина, ќе склучите нови познанства и пријателства, ќе стекнете некакви нови знаења или ќе доживеете промени во односите со браќата и сестрите. И во овој период треба да ги избегнувате конфликтите, како и во двете недели после тоа. Неконтролираното покажување бес и употребата на алкохол во овој период можат да ви создадат многу проблеми за во иднина. Обидете се да бидете што е можно поопуштени.

Користете ги сите можни прилики за да заработите нешто. Парите се енергија која тече и доколку се насочите во вистински правец и верувате дека ви се достапни, тие ќе дојдат со работата и значително ќе ја подобрат вашата финансиска ситуација, особено ако вашата работа е поврзана со односи со јавност или работа во странство.

Поставеноста на планетите предупредува на покачување на апетитот, така што мора повеќе внимание да посветите на самодисциплината и подобрувањето на исхраната за да не си создадете проблеми со здравјето.

Во 2015 година ќе биде потребно повеќе од вообичаено да верувате дека можете да стигнете до зацртаните цели. Периодот од февруари до април, како и крајот на ноември и почетокот на декември не се поволни за вас. Во тие моменти вербата во себе ќе ви биде попотребна од кога било. Добрите периоди следуваат во август и септември за родените во јуни. Комбинацијата од напорна работа, интуиција и верба во себе може да ви донесе голем просперитет. Раковите родени во јули, особено на 3, 4, 12 или 13 јули треба да очекуваат некои изненадувачки промени кои бараат брзо приспособување на новата ситуација.

Избегнувајте големи влогови и ризици во 2015 година. Бидете опуштени. Родените од 3 до 8 јули ќе се соочат со некој проблем што треба конечно да се заврши, а во најдобар случај ќе им донесе одредена трансформација во животот. Раковите се склони кон тоа да се врзуваат за нештата, а тоа овој пат нема да им биде од корист. Пуштете го она на кое не му е веќе местото во вашиот живот.

 

Лав

За Лавовите оваа година ќе биде многу полесна од претходната. Само оние родени од 21 до 23 јули ќе се соочат со некои работи од минатото во периодот од втората половина на јуни до првата половина на август, но тоа нема да им предизвика поголем проблеми, туку можност овој пат подобро да изиграат. Лавовите родени во јули можат да доживеат голем напредок со помош на некоја поискусна личност. Оние родени во август, особено од 3 до 13 август ќе добијат голема можност за крупни животни промени. Можеби ќе започнете со некој сосема нов начин на живот кој толку многу ќе ве воодушеви што ќе го живеете со полни гради.

Среќа ве чека и кон крајот на февруари и почетокот на март. Овој период е поволен за правење значајни чекори за подобрување на сопствениот живот. И вие многу ќе го почувствувате затемнувањето на Сонцето и Месечината, така што во периодот околу 20 март и 4 април треба да избегнувате важни чекори.

Личностите чиј подзнак е Лав ќе чувствуваат позитивни промени сè до август. Треба само да вложувате во себе со многу ентузијазам, да верувате во своите способности и да учите нови нешта. Работите ќе бидат успешни и во љубовта, и во работата и во односите со децата. Оваа година е добар период и за да станете родител. Децата родени во 2015 од родител во знак, подзнак или месечина во Лав ќе ги направат многу горди своите родители.

Вие ја имате потребната сила и виталност за да иницирате и да се справите со промените во животот. Вие сте еден од најсреќните знаци за оваа година, барем до август.

 

Девица

Промислените, аналитични и добро организирани Девици знаат да препознаат добра прилика. Единствено би требало да бидат внимателни со земање кредити и заеми, така што секој поголем финансиски зафат треба да биде направен со помош на семејството. Оние од вас кои ќе имаат најмногу среќа можеби ќе купат земјиште, ќе изградат дом или ќе го уредат оној што веќе го имаат.

Девиците родени на 24, 29 и 30 август ќе се соочат со одредени ограничувања кои треба да се совладаат. Чекор по чекор, со труд и искористување на акумулираното животно искуство ќе можете да ги совладате сите нив. Родените меѓу 27 и 30 август ќе бидат склони кон искривено гледање на работите, но тоа ќе биде нешто што може да се реши.

Внимавајте во периодот меѓу 21 јануари и 11 февруари. Во него треба да поправите нешто што останало од претходно. Бидете упорни и ако треба направете и повеќе обиди за да го решите проблемот. Од 17 септември до 9 октомври ќе треба да поработите на комуникацијата со другите, но и да избегнете донесување важни одлуки, затоа што стабилноста нема да ви биде јака страна во тој период. Бидете спокојни и делувајте чекор по чекор за да ги избегнете можните грешки и да не ги повторите по повеќе пати. Овој период не е поволен ниту за купување вредни ствари.

Најповолниот период за Девиците во 2015 година ќе биде до 20 јануари, а потоа и од 20 април до 22 мај. Искористете го тој период за креирање на сопствената среќа, онака како што само вие знаете. Имате добра можност за тоа и од август па натаму, се разбира, ако вредно работите за тоа.

Личностите со подзнак Девица ќе доживеат среќа од август, па натаму, ако пред тоа вложувале во себе. Тие знаат дека работата, организираноста и знаењето се тие што даваат резултати, па ако тие не изостанат, нема да изостанат ниту резултатите. Некои од вас можеби ќе успеат, со помош на член на семејството да отидат во странство со цел да се вложат дополнително во своето образование, или едноставно само да патуваат. Некои ќе го решат станбеното прашање или некој семеен проблем.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар