Каде да патувате во 2020 година според хороскопскиот знак?
Вага – Санта Фе, Мексико
Во текот на оваа година ќе се фокусирате на тоа да го направите вашиот живот многу постабилен, а помалку хаотичен. Санта Фе е одлична идеја за вас бидејќи е центар на уметноста и на културата – совршено за знак управуван од Венера каков што сте вие. Посетете ги пазарите со народни креации и музеите, но посетете ги и топлите извори за да имате балансирано патување.
Скорпија – Даблин, Ирска
Излегувањето од вашата удобна зона и влегувањето во центарот на забавата во Даблин би можело да биде одморот што ви е потребен за подмладување и за градење на самодовербата. Освен возбудлива ноќна сцена, во Даблин можете да ги посетите неверојатните средновековни катедрали и останатите архитектонски чуда што ќе ве поврзат со богатата историја на областа.
Стрелец – патување во повеќе држави
Во текот на оваа година ќе ги промените навиките за трошење и ќе станете посериозни во врска со вашите цели и одговорности. Но, тоа не значи дека не ви треба одмор. Ваквата забава со партнерот или со неколку блиски пријатели е идеален начин за одмор без да потрошите многу средства. Дефинирајте ги вашите главни дестинации, а потоа дозволете случајноста да ве водат по патот.
Јарец – Париз, Франција
Оваа година ќе биде идеална година за планирање голем одмор, па затоа резервирајте патување во Париз, Градот на светлината. Меѓу неверојатно вкусната храна, уметноста, архитектурата и луксузното сместување, ќе го живеете вашиот најдобар период од животот и ќе ја искористите привилегијата што ја имате поради Јупитер.
Водолија – Боулдер, Колорадо
Вашата цел ќе биде да се подобрите во сите области во текот на оваа година, па затоа резервирајте патување до некое место со побавно темпо на живеење и со многу природа. Боулдер е скапоцен град во планините, полн со духовни атракции и со активности на отворено. Освен тоа, ќе бидете многу блиску до урбаниот Денвер, па ќе има што да истражувате.
Риби – Мауи, Хаваи
Во текот на оваа година ќе се потрудите да ја зголемите вашата самодоверба, па впивањето на виталната енергија на сонцето на тропскиот остров Мауи, ќе го зајакне вашиот дух и ќе ве инспирира да блескате. Уживајте на плажите на раздвижениот, но прекрасен остров и прошетајте по патот до Хана за да ги видите најубавите водопади и да доживеете погледи и сцени што можете само да ги замислите.
Прочитајте кој е најголемиот совет што секој хороскопски знак треба да го следи во 2020 година.