Јуни ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци!

Јуни ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци!

Со толку многу убавини во себе, воопшто не изненадува фактот дека јуни традиционално се смета за најпопуларниот месец за свадби. Тој започнува со освежувачките и обновувачките вибрации на пролетта, а завршува со топлите и светли денови на летото. Сончевите зраци го хранат нашиот свет, дивите цвеќиња го бојат, а повикот од авантурата со секој момент станува сè погласен. Па, кои хороскопски знаци ќе уживаат бескрајно во текот на овој месец?

1. Близнаци: Светот е ваш за освојување!

Вие влегувате во период на неизмерна моќ и бескрајна енергија благодарение на Сонцето и Меркур што се наоѓаат во вашата прва куќа за себе. За време на јуни ќе можете да постигнете сè што ќе си замислите, па нема да биде лоша идеја доколку се фокусирате на кариерата и на најдлабоките желби. Венера е во вашата втора куќа на финансиите, а Нептун во десеттата куќа на кариерата, па затоа и како магнет ќе ги влечете парите и можностите кон вас.

Грижете се повеќе за себе за време на полната месечина на 26 јуни, бидејќи ќе настане конјункција со Сатурн во ретрограда во вашата осма куќа на смртта и повторното раѓање. Може да искусите фрустрирана желба за одмазда, но за ваша добросостојба, најдобро е да ги оставите нештата зад вас.

2. Рак: Вашите вибрации се чисти и значајни!

Венера ќе беснее низ вашиот знак за време на првата половина на јуни, па затоа и ќе сјаете со прекрасна енергија, привлекувајќи ги луѓето како пчели на цвеќе. Ќе сретнете многу луѓе кои ќе сакаат да се претопат во вашето присуство. Од друга страна пак, Сонцето ја осветлува вашата дванаесетта куќа на спиритуалноста, па затоа сте и во рамнотежа со емпатијата и интуицијата. Ова ве прави екстремно моќни исцелители. Внимавајте само да не ја потрошите целата своја енергија на другите луѓе – оставете нешто и за себе.

Кога Сонцето ќе се слизне во вашиот знак на 21 јуни, и ќе ја започне сезоната на Ракот, вие ќе влезете во најмоќниот период од годината. Имајте го ова на ум кога ќе носите одлуки!

3. Вага: Вие се забавувате, но истовремено и многу работите

Последните неколку месеци беа екстремно тешки за вашата кариера и за финансиската состојба. Но, јуни ќе направи целосен пресврт во вашиот живот и ќе ви го донесе она по што копнеевте. Со Марс во вашата петта куќа на задоволство и забава, креативноста ви е бескрајна, создавајќи ви секојдневна забава. Вашата енергија ќе блеска со оптимизам и позитивност, и токму тоа ќе има неверојатно добро влијание на кариерата и личниот живот. Светот без сомнение ќе ве забележи!

Сепак, имајте на ум дека полната месечина на 26 јуни ќе се спушти во конјункција со Сатурн во ретрограда во вашата четврта куќа на домот, па конфликтите и драмите со вашето семејство ќе најдат начин како да влезат и во вашиот свет. Не им верувајте на првичните инстинкти и обидете се да размислите пред да преземете акција. Нештата не секогаш се онакви како што изгледаат.

Прочитајте и што ве очекува овој јуни според вашиот хороскопски знак!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар