Јарец и водолија – пријателска комбинација

Јарец и водолија – пријателска комбинација

Безгрижната и слободоумна водолија можеби изгледа неспоиво со сериозниот и фокусиран јарец, но можеби токму нивната различност е тоа што го прави ова пријателство многу интересно. Непредвидливото однесување на водолијата претставува вистински начин за релаксирање на напнатиот јарец. Водолијата го потсетува јарецот дека одвреме-навреме е убаво да се скрши некое правило на однесување и да се следи ритамот на срцето, па макар и на само час-два. На сличен начин јарецот може да ја научи водолијата за вредноста на зачуваната традиција, обичаи и култура и зошто треба да ги почитува античките предмети.Јарец и водолија - пријателска комбинацијаПријателството помеѓу јарец и водолија е еден вид експеримент за нив двајца. Водолијата ја интересира сè што е ново и занимливо, а јарецот ги преферира старите веќе испробани методи. Водолијата сака постојана промена, а јарецот живее рутински. Во оној момент кога водолијата ќе помисли дека јарецот ѝ го гуши нејзиниот стил на живеење, тој ќе направи нешто шармантно, слатко и добро промислено, што ќе ја потсети водолијата зошто си го сака јарецот за свој пријател. Така водолијата ќе ужива кога јарецот ќе ја потсети на нејзината омилена книга од детството или на некој интересен момент кој му случил во минатото.

Водолијата мора да си признае себеси дека секогаш се чувствува пријатно и добредојдено во друштво на јарецот, а таа пак од своја страна му ја инјектира потребната возбуда во неговиот живот. На јарецот може да му смета бунтовното однесување на водолијата кое најчесто се случува без некоја особена причина, а таа пак може да го обвини дека е премногу ситничав и старомоден во размислувањата.

Овие пријатели можат да ги надминат карактерните разлики додека уживаат во некои надворешни спортови кои бараат многу енергија, како долго трчање, скијање и слично. Од науките може да имаат заеднички интерес за археологија и антропологија. Од друштвените игри може да се забавуваат играјќи пикадо, местење мозаици, а може да сакаат и да посетуваат уметнички изложби.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар