Јарец и рак – љубовна комбинација

Јарец и рак – љубовна комбинација

Божественото љубовно гнездо сочинето од партнери со хороскопски знаци јарец и рак, е основано на безусловна љубов и истрајност. Јарецот секогаш се потпира на логика и се труди да биде што е можно поприземен и реален. Ракот внесува емоционална нота во нивната врска. Двајцата партнери меѓусебно се држат до високи стандарди калени по пат на постојана меѓусебна почит.Јарец и рак – љубовна комбинацијаВо својот партнер со хороскопски знак јарец, ракот гледа посветен и предан партнер, а јарецот за возврат, ја почитува неговата доследност и истрајност. Јарецот и ракот се спротивни знаци во зодијакот, што им овозможува да формираат една успешна и стабилна конекција. Нивната врска се создава и развива врз база на финансиска и емоционална сигурност.

Двата знака се склони кон донесување конзервативни одлуки. За да не стане нивната врска премногу сериозна и официјална, ракот може да придонесе со тоа што ќе му покаже на својот трудољубив јарец како да се релаксира на крајот од денот и да си даде малку време за себе да ужива во плодовите од трудот. Ракот воедно, постојано ќе им дава сјај и ќе ги одржува придобивките од нивното знаење, способности и таленти.

Ракот е носталгичен и ги негува сопствените спомени и чувства. Јарецот ќе му помогне на емотивниот рак да се насочи кон побитните работи во животот, како што е постигнувањето успеси, наместо да се посветува на нешта кои му го повредуваат лесно ранливото срце. Оваа врска ќе успее на долги патеки, ако помеѓу овие два партнери постои необорлива поврзаност и стабилно, традиционално домашно опкружување.

Ракот е предводен од Месечината која ја симболизира неговата емотивност, а Сатурн (карма) управува со јарецот. Влијанието на месечината во ракот, го прави овој знак нежен, чувствителен, грижлив, дарежлив и интуитивен, а Сатурн во јарецот внесува ладна, мажествена енергија, дисциплинираност и целосна посветеност кон постигнување успеси во кариерата.

Љубовниот партнер со хороскопски знак рак, може да го научи својот јарец како да ужива во убавините на животот и да ја цени убавината и удобноста. Ракот, навистина ужива во „измазнување“ на острите карактерни особини на својот партнер, по пат на нежности и грижа. Јарецот од своја страна, може да и даде баланс на преголемата емотивност на својот партнер-рак, со тоа што ќе му ја даде потребната стабилна емоционална база во нивната врска. Паралелно јарецот ќе го научи својот партнер да биде подисциплиниран и да ги остварува своите планови и цели до самиот крај.

И покрај тоа што нивните карактери се сосема различни, (јарецот се посветува на стекнување материјални добра, а ракот се фокусира на своите емоции, интуиција и носталгичност), сепак овие два знака имаат многу заеднички желби и потреби. Тие сакаат да бидат опкружени со убави работи, како на пример достоинствен и удобен дом, фасцинантни уметнички дела, скапи автомобили… Нивната заедничка потреба да бидат економски стабилни, како и нивната потреба од раскош, дава гаранција дека овој пар напорно ќе работи кон остварување на овие, а и други заеднички стремежи. Нивната заедничка љубов кон убавите работи, ќе го спречува конфликтот меѓу партнерите, кој вообичаено настанува во љубовните врски кога едниот од партнерите се обидува да живее на висока нога, трошејќи повеќе пари отколку што заработува.

И ракот и јарецот се енергични, страсни и иницијативни луѓе. И покрај тоа што овие нивни карактерни особини можат да бидат причина за динамитни конфликти, сепак тие истовремено се и основните материјали за градење на цврст емоционален, материјален темел во нивната врска. Нивната спротивставена емоционална природа, не преставува ни малку пречка во нивната љубов. Јарецот е практична и темелна личност, која секогаш си ја завршува својата работа педантно, квалитетно и на време, а ракот пак е секогаш тука за него, кога му е потребен длабок емотивен совет. Ова партнерство дефинитивно ќе успее, ако овие партнери си дозволат еден на друг да ги употребуваат нивните индивидуални квалитети.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација рак-јарец е нивната комплетна посветеност еден кон друг, како и нивната обострана заложба за реализирање на нивните заеднички соништа. И двата знака се љубители на квалитет, убавина, луксузни работи, па токму затоа ниеден од нив не ескивира од внесување енергија во малку понапорна работа. На јарецот всушност, работата му е на прво место во животот. Нивните заеднички страсти, чувството на одговорност и морал, ги прави високо компатибилни партнери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. CC Reply

    ЈБТ… жива вистина :0)

  2. katerina Reply

    interesno 🙂

  3. ROBERT SABO Reply

    ova e najdobro >> JAREC I RAK << :))))))))))))))))))))))))))………..

  4. HRISTINA Reply

    ODLICNA KOMBINACIJA RAK I JAREC

  5. gluposti Reply

    odlicna kombinacija? vie ne ste normalni
    kako prvo jarecot go interesira samo izgledot kon drugite lugje … a rakot za familijata
    rakojte kako prvo i prvo se premnogu ljubomorni i koga ke idi deka jarecot se obiduva da se dokaze kon drugite lugje ljubomorata pocnuva da rabota

  6. davor Reply

    rak i jarac dobra kombinacija ….:)

  7. taci Reply

    navistina e taka,no i jarecot e emotiven i sklon kon familijata,za nego vrednosta na familijata e nezamenliva….iako mnogu se strasni cesto moze da ima iskri vo odnos na toa koj poveke vlozuva vo vrskata i ljubovta…

  8. Waldorf Reply

    Ми се допаѓа. 🙂

  9. Alberta van der Linden-Stojanova Reply

    Se sto e tuka napisano zaJarec-Rak kombinacija e cista vistina,jas sum Jarec a mojot maz-partner e Rak,nasata vrska e suuupeer,imame 3 deca,prvoto dete e Riba,a dvete se isto Rakcinja.

  10. Alberta van der Linden-Stojanova Reply

    Mi bese zadovolstvo,bidete pozdraveni.

  11. zaklina hristovska Reply

    jas sum jarec maz mi e rak ova mi zvuci kako nekoj da ni go proucuval brakot pa donel zaklucok na osnova na veke videnoto!Se od pocetok do kraj se sovpadja so nasata realnost so ona sto nie navistina sme!!!SEKOJA CEST!!!!!!

Остави коментар