Јарец и овен – љубовна комбинација

Јарец и овен – љубовна комбинација

Кога овен и јарец се заедно, тие мораат да работат напорно за да ја одржат нивната љубовна врска на цврста подлога. Нивните погледи кон животот се речиси спротивни. Овенот секогаш е во насока на реализирање на неговите планови, без да се замара со целта што сака да ја постигне со нивното остварување. Од друга страна, јарецот постојано некого или нешто осудува, без разлика колку ќе има корист од тоа.Јарец и овен – љубовна комбинацијаОвните се брзи, енергични и преземаат иницијативи. Јарецот сака да презема ризици, но никогаш не избрзува во дефинирањето на неговите цели, туку неуморно работи во насока на нивна реализација. Неговите амбиции најчесто се насочени кон напредок на кариерата или статусот во општеството. Двајцата партнери секогаш знаат кон што целат, но нивните интереси се најчесто тотално спротивни. Јарецот генерално е тивок, воздржан и скромен, додека овенот е зборлест, бучен и наметлив. И двата знака се многу тврдоглави и мислат дека нивниот начин е најдобар, па затоа за да можат добро да функционираат заедно, мораат да го прифатат фактот дека честопати ќе имаат несогласувања во нивната врска. Тоа е така, бидејќи тие имаат навистина различни животни филозофии. Овенот работи кон реализирање на плановите на краток рок, додека јарецот инсистира да ги следи правилата на игра и да чекори по веќе испробан, безбеден и вистински пат кон успехот.

Се прашувате како овие различни карактери би се искомбинирале во една љубовна врска? Еве како: овенот е импулсивен, страстен, брз и бурен и никогаш не престанува да мисли дали љубовниот партнер кој го избрал е вистинскиот за него. Јарецот пак сака да анализира и испита колку неговиот потенцијален партнер ќе биде способен да му помогне да напредува во животот и резултатот од тоа „истражување“ ќе го искористи за да одлучи дали вреди да продолжи да се бори за таа врска или не. Ако овенот и јарецот подобро се запознаат и решат да ја одржуваат нивната врска на долг рок, тие можат меѓусебно да се научат на многу работи, кои не би успеале да ги сфатат сами.

Овенот е управуван од планетата Марс, која е симбол на страста, додека јарецот е предводен од Сатурн, кој симболизира карма. Овие две планети обично работат една против друга, освен ако овенот и јарецот не решат заеднички да се изборат за пронаоѓање на еден заеднички јазик. Овие два знака можат дефинитивно да си помагаат еден на друг, особено кога станува збор за професионални работни задачи. Јарецот има голема моќ на издржливост, упорност и истрајност, но овенот ја има потребната енергичност за да ја заврши работата до крај. Овие партнери можат да бидат подобро дуо на работното место, отколку во спалната соба. Двата партнери се решителни и ниеден од нив не се откажува брзо.

Ако нивната заедничка енергија не е насочена во позитивна насока, овие двајца партнери можат да бидат сурови, груби, дури и насилни еден кон друг или во најдобар случај меѓусебно да си предизвикаат потиснување на нивните емоции. Овенот мора да води сметка да не работи против својот партнер, додека јарецот мора да се грижи да не ја убива огнената енергија која ја поседува овенот. Додека овенот е динамичен и активен, јарецот е поприземен и практичен. Јарецот во поглед на дефинирање на неговите цели си го поставува прашањето: „Како ова ќе ми помогне да ги остварам моите најголеми животни планови“, додека на овенот едноставно му текнува што му се прави во моментот и трга во акција без изготвен план во мислите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. katica Reply

    zaso nema za jarec i devica :/

    • Кафе пауза Reply

      Баш денес излегува таа комбинација.

  2. Маца Reply

    Може љубовна комбинација за водолија и овен?? 🙂
    Однапред благодарам…

  3. Bibi Reply

    Nema ni za oven – devica ljubovna kombinacija! 🙁
    Taman mislev od tuka da se educiram… 🙂

    • Marina Reply

      Кога ке се објави оваа комбинација??? овен – девица :/

  4. Riste Reply

    potpolno vistina kako oven se custvuvam na moja koza zatoa sum vo vrska so jarec no vistinata e deka kaj ljubovta nema granici 🙂

  5. tanja Reply

    ma stvarno e tocno se ama bas se i im posakuvam sreka na takvite kombinacii kako nasata inaku jas sum jarec a soprugot oven zaedno sme 10 godini imame 2 deca a uste se borime da odrzuvame nekoj balans mnogu si se sakame <3 ama i mnogu se karame :,(

  6. lela Reply

    znachi dechkoto go svigjam od 7mo odd a sega sum 4ta godina.. probavme da bideme bliski..no nikogas ne uspeavme :((( p.s ja sum jarec on oven

  7. Kiko Reply

    Ja sum jarex zenska mi e oven vatrena kombinacija 😀

Остави коментар