Јарец и лав – пријателска комбинација
Благодарение на веселиот и дружељубив лав, јарецот покрај него успева да запознае повеќе нови луѓе, одошто би запознал сам. Но, ваквата навидум предност од дружењето со лавот, може да биде добра или лоша ствар, зависно од ситуацијата. Од една страна, јарецот полесно запознава нови луѓе со лавот, кој нема никаков проблем да го „скрши мразот“. Од друга страна, веселиот нарав кој го има лавот, може да го замрачи тивкиот и достоинствен јарец. Поради тоа, доколку јарецот реши да биде пријател со лавот, мора да научи кога треба да се наметне себеси во ситуациите.Факт е дека и јарецот може да биде исто толку импресивен колку и лавот, но овие два знака едноставно не се трудат да се докажат на ист начин. Така на пример, јарецот е повеќе способен да се спријатели со луѓе кои го ценат интелигентниот начин на шегување, додека пак лавот ужива играјќи си мајтап со пријателите и задевајќи ги.
Лавот го цени авторитетот кој го поседува јарецот, без разлика што сите знаат дека лавот е секогаш и секаде во центарот на вниманието. Јарецот пак, умее веднаш да го привлече вниманието на келнерот кој го служи во ресторан, да ги натера шалтерските бирократи да го пронајдат документот кој му е потребен и да издејствува полицаецот да не му ја пише казната за брзо возење.
Во ова пријателство може да постои борба за докажување моќ. Лавот сака секогаш да биде предводник на кој сите ќе му симнуваат капа, но сталожениот јарец поседува поквалитетни лидерски способности, со што го засенува „кралот на животните.“ Доколку лавот се согласи јарецот да ја моќта „зад сцената“, тој ќе му ја отстапи популарноста помеѓу другите луѓе, без која лавот не може да живее.
Јарецот не може да го поднесе егоизмот на лавот, додека пак песимизмот на јарецот го полудува веселиот лав. Без разлика на нивните карактерни разлики, овие двајца пријатели може да уживаат во разни заеднички активности како скијање, долго трчање, играње шах, изработка на глинени предмети и дискутирање на историски теми.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.