Јарец и лав – љубовна комбинација

Јарец и лав – љубовна комбинација

Љубовната унија сочинета од луѓе со хороскопски знаци јарец и лав, е базирана на голема обострана поддршка. Љубовните партнери се екстремно приврзани, посветени и верни еден на друг. Јарецот е конзервативен, ужива да работи од утро до мрак и има прилично традиционални сфаќања, а лавот е исто така вреден знак но, има тенденција да ги добива работите што ги сака со помош на неговата дружељубивост и шармантност.Јарец и лав – љубовна комбинацијаИако јарецот и лавот не изгледаат како убав пар на прв впечаток, нивната љубов ќе почне многу бргу да расте, со откривањето на нивните заеднички интереси и сличности во карактерите. Овој пар преферира удобен и разгален начин на живот, а воедно ужива и во напорната работа која води кон остварување на нивните цели. Лавот и јарецот наоѓаат големо задоволство во материјалните работи, а во социјалните збиднувања сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Лавот знае да биде скандалозен во јавност, додека јарецот е покласичен и има поедноставна природа. И двата знака се многу решителни и упорни, така што ако посветат малку поголемо внимание на врската, тие ќе делат слично размислување. После кратко време поминато заедно, овие партнери ќе сфатат дека можат многу да научат еден од друг. Лавот може да го научи јарецот како добро да се забавува, а јарецот може да му ги покаже на лавот традиционалните вредности и да му го долови значењето и вредноста на трудољубивоста, упорноста и истрајноста како карактерни особини.

Лавот е управуван од Сонцето, а јарецот од Сатурн. Сонцето симболизира живот, енергичност, ентузијазам, топлина и егоистичност. Сатурн симболизира упорност, трудољубивост и издржливост. Овие два знака можат да научат многу работи од нивните разлики. Сè додека се длабоко приврзани еден со друг, нивната врска ќе биде успешна и ќе води кон многу комплетирани заеднички проекти.

Лавот сака креативна слобода, додека јарецот сака професионална безбедност. Токму комбинацијата од овие нивни интереси, ја прави оваа врска урамнотежена. Тие ќе уживаат во поминатото време заедно, но ќе си двојат и доволно простор да ги следат нивните лични интереси. Сè додека лавот и јарецот постојано си даваат еден на друг значење и вредност, евентуалните конфликти помеѓу нив, нема да бидат штетни по врската.

И двата знака се тврдоглави, вообразени, самоуверени и амбициозни и никогаш не се откажуваат пред да ја остварат својата замислена цел. Јарецот преферира стабилен и мирен живот, подреден според сопствени правила. Лавот сака луди проводи и непредвидливи ситуации. Кога еднаш ќе констатираат дека се добар пар, кој може да успее, лавот и јарецот нема никогаш да ја заборават вредноста која ја има нивната врска и заеднички ќе се посветат кон одржување на истата.

Најдобриот аспект од комбинацијата лав-јарец е нивната одговорност за навремено извршување на работните обврски, поради упорноста, издржливоста и непоколебливоста, како карактерни особини кои се заеднички за нив двајца. Можеби на луѓето од страна ќе им биде чудно како воопшто се случило лавот и јарецот да станат пар, но во суштина не е така како што изгледа; тие се пример за изразот „спротивностите се привлекуваат“.  Овие два знака убаво се чувствуваат кога се заедно и тоа ги одржува да се посакуваат уште повеќе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Zane Reply

    Potpolno se soglasuvam so gore navedenoto za Jarec-La,v ljubovna kombinacija

  2. rous Reply

    znaci…………………………….potpolno se soglasuvam

  3. Мери Reply

    Ејаа, баш вака е!

  4. Драган Reply

    Се е тачно…без грешка…..

Остави коментар