Јарец и девица – пријателска комбинација
И покрај тоа што јарецот и девицата се многу претпазливи луѓе кога станува збор за нивните чувства, сепак меѓу нив може да се роди инстантна симпатија. На јарецот му се допаѓа колку девицата изгледа секогаш педантно и чисто, а неа пак ѝ се допаѓа елегантниот, бизнис-изглед на јарецот.Не е чудно тоа што девицата и јарецот можат да оформат многу цврсто пријателство бидејќи двајцата се земјени знаци, што значи дека поседуваат слични вредности во животот. Ни за девицата ни за јарецот не постои изразот тешка работа. Всушност, тие се чувствуваат најсреќно додека прават нешто корисно. Друга заедничка особина на овие два знака е нивното уживање во традициите и културата на нивниот народ, како и во семејните ритуали. Никој друг не ужива толку многу во празниците, колку што уживаат јарецот и девицата. Поточно, тие почнуваат да се подготвуваат за големите празници неколку недели однапред.
Се прашувате дали ќе постојат тензични моменти помеѓу овие двајца пријатели? Секако дека да. Јарецот не може да поднесе кога девицата ги потенцира неговите грешни постапки или кога го заморува со нејзините чудни стравови и фобии. Но пред да се налути, јарецот треба да размисли како неговиот пријател се чувствува кога тој се однесува со него шефовски или кога ја одбива поканата од девицата за ручек во нејзиниот омилен ресторан, зaшто едноставно не му се шета еднаш неделно.
Во секој случај, доколку јарецот и девицата можат да преминат преку маните на својот пријател, ќе останат другари за цел живот. Тие сепак имаат толку многу заеднички работи, што нивните разлики изгледаат многу незначајно. Инаку од активностите, тие може да имаат обострана пасија за кампување, скијање, возење велосипед, како и за изработка на глинени предмети.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
tuka ne se slozuvam ,bas oti se takvi se super za vo vrska …
tochno :DD imam dve najdobri drugarki ednata bik drugata devica i se e tochno:D
tochno tokmu taka