Јарец и близнаци – пријателска комбинација

Јарец и близнаци – пријателска комбинација

На јарецот му е тешко да го сфати близнакот, но тоа нема да го спречи постојано да се обидува. Близнакот има несекојдневен карактер, па јарецот сака да дознае кои работи прават неговото срце побрзо да чука. Но, со близнаците одговорот е секогаш различен. Во еден момент, претставниците на овој знак може да бидат страсно заинтересирани за облиците на модерната уметност, а во следниот момент да читаат историја за Античка Грција. Кога ќе го прашате близнакот што се случило со убавата уметничка слика која висела на ѕидот од неговата дневна соба, тој најверојатно ќе ви одговори: „Му ја дадов на ѓубреџијата минатата недела. Сметав дека тоа е кул идеја.“ Таквото необмислено и избрзано однесување, може да предизвика бес кај јарецот.Јарец и близнаци – пријателска комбинацијаОд друга страна, близнакот е фасциниран од карактерот на јарецот, бидејќи смета дека тој умее сите нешта во неговиот живот да ги држи под контрола. И покрај тоа што стабилноста по која тежнее јарецот, ќе му биде убиствено досадна на близнакот, тој сепак ја цени неговата лојалност. Близнаците сметаат дека е добро да имаат некој на кој можат да сметаат во тешките мигови, а таква личност е токму јарецот.

На близнакот му смета одбивањето на јарецот да пробува нови нешта во животот. На јарецот пак, каприциозното однесување на близнакот му создава страв во срцето, но тој сепак го доживува овој пријател како свеж воздух. Ако јарецот може да се справи со непредвидливоста на близнакот, тој ќе може да го поднесе рутинското однесување на јарецот.

Овие пријатели, можат да најдат заеднички терен, додека ги извршуваат нивните омилени заеднички активности како на пример авантуристичко искачување по карпи, бидејќи јарецот ужива да биде во природа, а близнаците сакаат да ги истражуваат сопствените потенцијали. Исто така, тие можат да си разменуваат разни историски книги и биографии бидејќи близнакот обожава да чита, а јарецот се фасцинира од работите кои се случиле во минатото.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар