Исхрана според хороскопските знаци: Водени знаци

Исхрана според хороскопските знаци: Водени знаци

Може ли астрологијата да ви помогне во пронаоѓањето на правилната исхрана за вас и така да ви даде нова надеж во борбата против вишокот килограми и проблемите со дигестивниот систем? Еве што велат sвездите за тоа која храна е најдобра за вас, а која треба да ја избегнувате според вашиот хороскопски знак.

Исхрана според хороскопските знаци: Водени знаци

Водени знаци: Исфрлете ги маснотиите!

Рак

Согласно нивниот природен елемент (водата), Раковите треба да имаат мени во кое доминира морска храна. За нив се препорачуваат лесни оброци и употреба на млечни производи. Најзастапени треба да бидат житарките и тоа: пченицата, ‘ржот, овесот и оризот, а од зеленчуците се препорачуваат: грав, репа, компири, карфиол, тиква, зелка, брокула, домати и краставици. Раковите најмногу треба да јадат овошје и тоа: банани, лубеници и лимони, а може да имаат корист и од кокосот, алгите и веганскиот јогурт.

Совет: Раковите задолжително треба да избегнуваат мрсна и солена храна, слатки производи и рафиниран шеќер. Бидејќи претставниците на овој знак се многу емотивни, често имаат чувствителен систем за варење, па затоа храната треба внимателно да се избира, да биде разноврсна и да се избегнува употреба на производи што дебелеат.

Скорпија

Идеалната храна за Скорпиите е морската храна и тоа најмногу морската риба (туната, лососот), јастогот, лигњите (и остригите). Се препорачува и безмасно говедско месо, зеленчук – зелена салата, краставица, моркови, домати, цвекло, аспарагус, грав, леќа, карфиол, кромид, праз и овошје – цреша, јагода, банана, лубеница и грејпфрут. Скорпиите, исто така, имаат корист и од ѓумбирот и бадемите.

Совет: Скорпиите дефинитивно треба да избегнуваат мрсна храна, потоа квасец, сол, слатки и какви било производи кои содржат преработен шеќер.

Риби

Рибата буквално треба да јаде риба, и тоа претежно туна и други морски плодови. За Рибите се препорачува мени што содржи интегрални житарки: пченица и овес, потоа: ориз, спанаќ, грав, кромид, компир, краставици, зелје и артичоки и овошје како: грозје, јаболка, сливи, праски, банани, лимони, портокали, дињи, урми и манго. За нивната дигестивна благосостојба придонесуваат и алгите и храната богата со железо.

Совет: Рибите треба да избегнуваат кафе, алкохол, мрсна храна, сол, слатки производи како и сите преработени производи со шеќер, но и аспарагус. Како претставници на најнежниот знак, тие имаат бавен метаболизам, поради што може да страдаат од т.н. мрзливи црева.

Доколку ве интересира, може да откриете и кои 4 хороскопски знаци најверојатно ќе се верат за време на празниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар