Инспиративен и моќен цитат за секој хороскопски знак

Инспиративен и моќен цитат за секој хороскопски знак

На сите ни треба мотивација понекогаш. Кога ќе наидеме на пречки на патот, потребно ни е нешто што ќе нѐ потсети колку можеме и колку вредиме. Ни треба потсетник за тоа зошто сме почнале, кои сме, кои се нашите цели и како треба да се однесуваме со другите луѓе. За многумина овие мотивирачки потсетници се кријат во некои поеми или цитати кои совршено ја отсликуваат нивната моментална ситуација. Доколку и претходно сте барале мотивација на овој начин, можеби сте откриле дека вам цитатите не ви одговараат баш. Во таков случај, вашиот хороскопски знак може да ви ја даде потребната помош. Во продолжение дознајте каква инспирација навистина ви треба според распоредот на ѕвездите…

Дознајте кој инспиративен цитат е совршен за вас според вашиот хороскопски знак

Овен: Трпение

Овните се многу храбри и одлучни, но понекогаш треба да работат на нивното трпение. Понекогаш забораваат дека потребно е време за да се случат најубавите работи. Токму затоа следниов цитат е совршен за нив:

„Не можете да избрзувате нешто што сакате да трае засекогаш.“

Бик: Компромис

Биковите се многу практични, трпеливи и одговорни, но тешко им е да прават компромис. Доколку не можете да ги промените околностите, запаметете дека потребна е голема сила да се направи нешто за некој друг, без да имате никаква корист од тоа. Имајте го на ум овој цитат:

„Бамбусот кој се превиткува е посилен од дабот кој дава отпор.“ – Јапонска поговорка

Близнаци: Донесување одлуки

Љубопитните Близнаци одлично се прилагодуваат на секоја ситуација, друштвени се и забавни, но токму таа спонтаност понекогаш може да ги направи нервозни. Наместо цело време да се премислувате кога треба да одлучите нешто, запаметете дека најлошата одлука е да не одлучите ништо. Одберете нешто и држете се до тоа. Учите додека сте живи. Совршениот цитат за вас е:

„Никогаш нема да дознаете додека не тргнете.“ – Вашиот пасош

Рак: Песимизам

Комплицираните Ракови се едноставно комплицирани и тоа со добра причина. Тие знаат да бидат премногу емотивни и многу пати песимизмот ги спречува да ја видат светлата страна на животот. Ако се пронајдовте, имајте на ум дека вие одбирате како ќе се чувствувате. Следниов цитат ќе ви помогне да разберете дека од секое лошо излегува нешто добро:

„Луѓето генерално го гледаат она што сакаат да го видат и го слушаат она што сакаат да го чујат.“ – Харпер Ли, ’Да се убие птицата-подбивница’ (To Kill a Mockingbird)

Дознајте кој инспиративен цитат е совршен за вас според вашиот хороскопски знак

Лав: Тврдоглавост

Забавниот и возбудлив Лав има добро срце, но на патот до неговите соништа понекогаш заборава дека треба да биде флексибилен. Запаметете дека дури и кога крајната цел е иста, патиштата никогаш не се прави. Бидете подготвени да скршнете во некои споредни улички за да стигнете онаму каде што треба да бидете и повторувајте си го следново:

„Бидете тврдоглави за вашите цели, но флексибилни за вашите методи.“

Девица: Срамежливост

Девицата е најлојалниот и најтрудољубивиот знак во Зодијакот, но знае да биде премногу срамежлива и да се грижи повеќе одошто е потребно. Ако се пронајдовте во овој опис, немојте да им дозволите на вашите ограничувања да ве спречат во тоа да направите нешто неверојатно за себе. Надминете ги вашите стравови и живејте со полни гради. Овој цитат можеби ќе ви помогне во тоа:

„Сѐ што некогаш сте посакувале се наоѓа на другата страна од стравот.“ – Џорџ Адеир

Вага: Одбегнување конфликти

Вагите се познати како добри дипломати кои секогаш знаат да направат компромис, но страв им е целосно да се потпрат на нивните одлуки. Иако прекрасно е да се биде секогаш мирољубив, тоа не смее да ве спречи во соочувањето со проблемите. Треба да бидете подготвени да ги браните вашите верувања и ставови. Запаметете го следниов цитат:

„Трансформацијата не е убава и светла. Таа е мрачна и замаглена, болно напната. Откривање на лагите кои сте ги носеле во вашето тело. Вежба да се соочите со демоните кои самите сте ги создале. Целосно искоренување, пред да станете нешто.“ – Викторија Ериксон

Скорпија: Љубомора

Скорпиите се познати по нивната страсна природа, бидејќи тие целосно се предаваат во што и да прават. Но, тие толку многу се внесуваат што стануваат љубоморни и несигурни ако почувствуваат закана од некого или нешто. Доколку се пронајдовте, имајте го предвид следниов цитат:

„Љубомората е форма на омраза изградена врз основа на несигурноста.“

Дознајте кој инспиративен цитат е совршен за вас според вашиот хороскопски знак

Стрелец: Премолчување

Стрелците можеби се забавни и харизматични, но понекогаш тешко им е да премолчат некои работи кога ќе наидат на конфликт. Запаметете дека тишината кажува многу повеќе од зборовите и за да ја зачувате врската потребно е да вложите труд. Следниов цитат е совршен за вас:

„Никогаш не му верувајте на вашиот јазик кога срцето ви е огорчено.“

Јарец: Простување

Јарците се неверојатно одговорни и дисциплинирани и тешко им е да го прифатат фактот дека не се сите како нив. Мора да прифатите дека секој е различен и да научите дека треба да простите и заборавите кога ќе се реши проблемот. Единствената личност која ја повредувате со тоа што држите лутина сте вие самите. Запаметете го следново:

„Кога некој ќе ни нанесе длабока повреда, никогаш нема да заздравиме додека не простиме.“ – Нелсон Мендела

Водолија: Искажување на емоциите

Најсилниот и најнезависниот знак во Зодијакот е Водолијата, но има една маана: Не знае како правилно да ги искаже емоциите. Земете го предвид следниов цитат и потсетете се дека нема ништо лошо во искажувањето на емоциите. Ако го правите тоа редовно, нема да експлодирате секогаш кога ќе ви се натрупаат премногу чувства.

„Кога не можете да го контролирате она што се случува, обидете се да го контролирате начинот на кој реагирате на она што се случува. Таму лежи вашата моќ.“

Риби: Изигрување жртва

Нежните и мудри Риби со уметничка природа се познати како најчувствителниот знак во Зодијакот, но понекогаш тоа знаат да го злоупотребат ако нешто тргне наопаку. Престанете да изигрувате жртва и преземете ја одговорноста за вашиот живот. Следниов цитат ќе ви помогне во тоа:

„Пред сѐ, бидете херојот во вашиот живот, а не жртвата.“ – Нора Ефрон


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар