Има многу кривини на тебе, а кочниците не ми работат: Како флертуваат момците според својот хороскопски знак?

Има многу кривини на тебе, а кочниците не ми работат: Како флертуваат момците според својот хороскопски знак?

Како флертува гурманот Бик, романтичниот Рак или самоуверениот Лав? Насмејте се со овие најлоши изреки за флертување на секој знак од хороскопот.

3-za-crven-karton-najloshite-izrazi-za-flertuvanje-na-site-12-horoskopski-znaci-www.kafepauza.mk_

Страсниот Овен

„Огнот во мене се изгаси, но имам чувство дека ти повторно ќе го разгориш.“

Гурманот Бик

„Изгледаш слатко. Може ли да добијам залак?“

Експериментаторот Близнаци

„Зошто не би го пресметале коефициентот на динамично триење помеѓу нас двајца?“

Романтичниот Рак

„Може да го позајмам твојот мобилен телефон? Морам да ја известам мајка ми дека само што си ја запознав идната сопруга.“

1-za-crven-karton-najloshite-izrazi-za-flertuvanje-na-site-12-horoskopski-znaci-www.kafepauza.mk_

Самоуверениот Лав

„Веруваш ли во љубов на прв поглед или да поминам уште еднаш покрај тебе и да ти покажам колку сум убав?“

Педантната Девица

„Ми се допаѓа како секое парче облека ти е совршено усогласено за да ги нагласува твоите неверојатно позитивни карактеристики на телото.“

Неодлучната Вага

„Знам дека си создадена за мене, но можеби сепак и не си.“

Директната Скорпија

„Здраво, одиме во мојот или во твојот стан?“

2-za-crven-karton-najloshite-izrazi-za-flertuvanje-na-site-12-horoskopski-znaci-www.kafepauza.mk_

Сензуалниот Стрелец

„Има многу кривини на тебе, а моите кочници не работат.“

Гордиот Јарец

„Не дека се фалам, но заработувам многу повеќе од тоа што ти можеш да го потрошиш.“

Интелектуалната Водолија

„Ме фасцинираш повеќе од фундаменталната теорема на математичката логика.“

Емотивната Риба

„Чувствувам дека однатре си подеднакво убава како и однадвор.“

А, доколку некоја од овие фрази успее, еве како се однесува секој хороскопски знак на почетокот од љубовната врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар