Хумор: Најглупавиот хороскоп на светот

Хумор: Најглупавиот хороскоп на светот

Ако некогаш сте сакале да ѝ се ситите на астрологијата, имате прилика токму преку овој хороскоп. Тој е несериозен и глупав и неговата цел е само да ве забавува и насмее.

humor-horoskop-na-svetot-kafepauza.mk

Овен

Работа: Ако не ве фатат, земете нешто и за нас.

Љубов: Ве чека пријатна вечер. Излегувате вие, вашиот партнер и неговото момче/девојка.

Здравје: Бидете спремни за укажување прва помош.

Бик

Работа: Доколку станете рано наутро, ќе завршите многу работи во купатилото.

Љубов: Внимавајте, вашиот партнер ги дупнува кондомите без да знаете.

Здравје: Сидата може да се пренесе и преку ВЦ школката ако седнете на неа пред да стане вашиот претходник.

Близнаци

Работа: Без гајле, додека има луѓе ќе има и пари.

Љубов: Доколку седите на вашата лева рака половина час, потоа ќе ја чувствувате како туѓа.

Здравје: Мислете на вашата лева рака.

Рак

Работа: Размислете дали доволно наплаќате за рака.

Љубов: Не ги мешајте работата и емоциите.

Здравје: Мислете на вашата десна рака.

Лав

Работа: Работата не ви дава да мислите на љубовта.

Љубов: Љубовта не ви дава да мислите на работата. А со што се занимавате вие?

Здравје: Честата промена на партнерите предизвикува рак на матката.

Девица

Работа: Помалку зборувајте за да не трпи работата.

Љубов: На ова поле нема надеж за вас.

Здравје: Сепак постои опасност од некоја полово пренослива болест.

Вага

Работа: Вечерва неочекувано ќе заработите многу пари.

Љубов: Вечерва неочекувано ќе ја најдете љубовта на својот живот.

Здравје: Попладнево ќе имате мозочен удар.

Скорпија

Работа: Не мешајте се во својата работа.

Љубов: Љубовта кон татковината не ви е возвратена.

Здравје: Време е да го средите џемперот под пазувите.

Стрелец

Работа: Поради работата често сте отсутни од дома.

Љубов: Вашиот партнер секој ден дава изговор дека го боли глава.

Здравје: Го чувствувате модро-виолетовото задебелување на главата?

Јарец

Работа: Утеха за професионалниот неуспех наоѓате во алкохолот.

Љубов: Тој/таа никако не излегува од вашата чаша.

Здравје: Без гајле, црниот дроб може да се регенерира.

Водолија

Работа: И покрај сиот напор, на работа сè правите наопаку.

Љубов: Лицата од спротивниот пол бегаат од вас. Исто и оние од истиот пол.

Здравје: Дали сте можеби генијалец?

Риби

Работа: Работата ви цвета, имаше празници па контејнерите се полни.

Љубов: Ако сакате да фатите некоја риба, купете си крекери во форма на риби.

Здравје: Имате проблеми со мирисот на здивот во устата, плускавци на нозете, мирис под пазувите, акни, целулит и по некоја полова болест. Но, не грижете се, сепак можете нешто да спасите. Ако после секое чешлање, влакната од чешелот ги ставате во ќесичка, после некое време косата ќе ви остане сочувана – во ќесичката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар