Хороскопските знаци се поместија: НАСА инспирира промени во астрологијата за прв пат во 2.000 години!
Ѕвездите се извор на информации, почнувајќи од начините за надминување на проблемите и формирање здрава љубовна врска, сè до подобрување на вашиот карактер, па и многу повеќе. Ова се користело уште од антички времиња во различни култури, а денес го користиме и ние. Астрологијата може да се дефинира како верување дека комбинацијата на сонцето и различни соѕвездија може да влијаат на нашите животи. Ова верување потекнува од околу 2.000 години пред нашата ера.
Студиите спроведени од НАСА покажуваат промени во положбата на соѕвездијата
Ноќното небо е поразлично од тоа како го гледале античките астролози. Според студиите спроведени од страна на НАСА, сега соѕвездијата се изместени за околу еден месец, па 86% од луѓето живеат сметајќи се себеси за погрешен хороскопски знак. Доколку верувате во астрологијата, тогаш знаете дека хороскопските знаци се одредуваат според соодветните соѕвездија на небото. Имајќи го тоа на ум, погледнете ги вистинските дати за хороскопските знаци што важат за денешниот модерен свет.
- Јарец: 9 јануари – 15 февруари
- Водолија: 16 февруари – 11 март
- Риби: 12 март – 18 април
- Овен: 19 април – 13 мај
- Бик: 14 мај – 19 јуни
- Близнаци: 20 јуни – 20 јули
- Рак: 21 јули – 9 август
- Лав: 10 август – 15 септември
- Девица: 16 септември – 30 октомври
- Вага: 31 октомври – 22 ноември
- Скорпија: 23 ноември – 29 ноември
- Змијоносец: 30 ноември – 17 декември
- Стрелец: 18 декември – 8 јануари
Можеби ќе се зачудите дека постојат тринаесет хороскопски знаци. Всушност, ова и не е ново откритие. Античките вавилонски астролози уште одамна ги откриле овие тринаесет соѕвездија, но го исфрлиле Змијоносецот за знаците да бидат подеднакво поделени. Но, сега тој повторно влегува на листата. Па, ако сте родени од 29-ти ноември до 17 декември, тогаш следниве карактеристики се однесуваат на вас…
Змијоносец: Тринаесеттиот знак
Во грчката митологија, Змијоносецот е идентификуван како Асклепиј, исцелител и син на Аполо. Асклепиј имал моќ да ги воскресне мртвите. Разбеснетиот бог Хад го убедил Зевс да го убие Асклепиј со гром. Мртов, Асклепиј бил ставен како ѕвезда. За Сумерите, тој е познат како богот Енки, додека пак за Египќаните, како Имхотеп кој живеел во Египет околу 27-от век пред нашата ера. Во Библијата, овие карактеристики припаѓаат на Јосиф. Всушност, Имхотеп е египетското име за Јосиф.
Карактеристики на Змијоносецот
Ако сте родени помеѓу 29 ноември и 17 декември, тогаш вие сте родени во знакот на Змијоносецот. Овие карактеристики може да ве дефинираат подобро од Скорпијата или Стрелецот.
- Барате мир и хармонија
- Поетски сте настроени и инвентивни
- Барате поголема едукација и мудрост
- Интуитивни сте
- Имате потајни непријатели во фамилијата
- Сакате високи достигнувања
- Сакате да носат живописни бои и карирани дезени
- Сакате да имате авторитет
- Привлекувате среќа за себе и за другите
Хммм… а ако некој е роден на 16-ти февруари јарец или водолија треба да се смета?
Сме направиле мала грешка, благодариме за укажувањето. Поправено е сега. 16-ти февруари е Водолија.
Nisto od ova ne e vistina, nigde na internet ne pisuva za 13 znak i za vakva izmena. Golem broj na luge ne ni gi poseduvaat osobinite na noviot horoskopski znak. Izbrisete go ova i ne sirete lazni vesti.
Тие што се на 11 март родени, и риби и овен се?
11-ти март е последниот ден на Водолија.
gluposti..koj vopsto veruva u horoskopiakoovaa vest e stara najmalku 5 god ..pa uste i NASA spomnuvate hahahaha;P
Проверете си потемелно, статијата не е целосна и заради тоа наведува на погрешен заклучок: http://www.snopes.com/ophiuchus-zodiac-change/
И сеа фактички јас сум вага со особини на скорпија.. глупости