Хороскопските знаци откриваат која песна од 80-тите совршено ве опишува
Вага: „Addicted to Love“ – Robert Palmer
Вагите се вистински зависници од љубовта! Барем еднаш во животот обидете се да поминете време сами! Не ви треба партнер за да бидете исполнети.
Скорпија: „Maneater“ – Hall & Oates
Ако не сте знаеле досега, време е да дознаете. Без разлика дали сте мажи или жени, кога ќе решите да се вљубите, вие буквално ја јадете душата на вашите љубовници. Ги вшмукувате додека не остане ништо од нив. Но, тоа не значи дека сте луди! Вие сте само многу страсни.
Стрелец: „Walking On Sunshine“ – Katrina and The Waves
Вие сте родени во најпозитивниот знак во зодијакот. Ваша владејачка планета е Јупитер и вие буквално потскокнувате од среќа секаде каде што одите. Секогаш ја гледате светлата страна на нештата и не им обрнувате внимание на хејтерите.
Јарец: „Everybody Wants To Rule The World“ – Tears For Fears
Вистината е дека не сакаат сите луѓе да владеат со светот, но вие мислите така. Вашиот најголем противник сте вие самите и обожувате да си поставувате нови предизвици.
Водолија: „With or Without You“ – U2
Водолиите имаат многу пријатели за кои веруваат дека не можат да ги разберат вистински и тоа не им пречи. Тие се зафатени со нивните сопствени идеи, замисли и планови. Тие имаат сѐ што им треба, со или без вас.
Риби: „Beat It“ – Michael Jackson
Можеби Рибите секогаш се залетуваат по недостапни луѓе кои не им ги возвраќаат чувствата, затоа што потсвесно сакаат да бидат оставени сами и да сонуваат за нив. Тие уживаат во нивната самотија и понекогаш навистина сакаат да бидат оставени на мира.
Во продолжение прочитајте кога треба да одите на спиење според вашиот хороскопски знак.