Хороскопските знаци откриваат: Која е вашата најлоша навика во љубовните врски?

Хороскопските знаци откриваат: Која е вашата најлоша навика во љубовните врски?

Сите ние имаме лоши навики кои партнерот го вадат од кожа. Некои од нас се свесни за тоа, а некои не ни забележуваат дека прават нешто погрешно. Дознајте која е вашата лоша навика според вашиот хороскопски знак.

Вашиот хороскопски знак открива: Која лоша навика ја имате кога сте во љубовна врска?

Овен

Велат дека Овните се креативни, проникливи и способни да се прилагодат во секоја можна ситуација. Но, кога станува збор за љубовните врски тоа значи дека вие живеете во негирање дека сè е како што треба, иако тоа е далеку од вистината. Ако сте излегле со некое момче или девојка за прв пат и состанокот не поминал како што треба, вие нема да замерите туку ќе се преправате дека уживате и дека убаво си поминувате. Но, потоа кога ќе се жалите на вашите пријатели, ќе го прераскажете целиот состанок со сите детали кои сте ги занемариле за време на истиот.

Бик

По природа вие сте многу тврдоглави и непопустливи. Да се биде со вас значи да се учествува во натпревар. Биковите се најтешки да се задоволат во кревет и постојано ги оценуваат работите што ги прави партнерот за потоа да ги критикуваат. Благодарение на вашиот силен и уверлив изглед, партнерот ќе се почувствува слободен да ви ги открие сите негови најдлабоки, скриени стравови и тајни, што најчесто доведува до непријатни раскинувања направени преку ладна СМС порака.

Близнаци

Близнаците важат за биполарни не само кога станува збор за љубовните врски, туку и општо во животот. Ова може на почеток да биде привлечно, бидејќи врските исполнети и со љубов и со омраза имаат квалитетен сексуален живот. Меѓутоа, со текот на времето станува напорно и стресно, така што евентуалниот крај на врската е неминовен. Близнаците се многу харизматични и поради тоа ви приоѓаат половина од оние што всушност сакаат да ви пријдат, само од страв да не бидат одбиени.

Рак

Вие секогаш кога ќе излезете со некое ново момче или девојка мислите дека тој/таа ќе биде вашиот животен партнер. Постојано имате потреба од тоа некој да се грижи за вас па така неретко очекувате од вашето момче да биде тој што финансиски ќе го одржува домот, а вашата девојка да се однесува како да ви е мајка. Раковите се доста конзервативни и затоа честопати се случува да пратат нејасни пораки, поради што долго време остануваат сами.

Лав

Знакот на доминацијата! Вие навистина сакате сè да биде по ваше. Вие сте тие кои го одбирате ресторанот, кафулето, страната од креветот на која ќе спиете. Секогаш сакате да се докажувате дека сте во право и ретко останувате сами, освен ако вие не решите така. Но, и покрај вашата цврста надворешност, длабоко во себе сте всушност многу кревки и нежни. Сепак вие сте кралот/кралицата на животинскиот свет и се чувствувате обврзани да ја оправдате титулата со тоа што беспрекорно ќе владеете со сите околу вас.

Девица

Девиците се најдобри кога станува збор за љубовни врски. Знаат да водат паметни разговори на интересни теми, кои не се воопшто здодевни. Делуваат многу опуштено и затоа нивните партнери не ни забележуваат дека тие всушност од нив извлекуваат важни информации кои подоцна ќе ги искористат во нивна полза. Меѓутоа, понекогаш имате навика премногу да ги анализирате работите и да критикувате поради што постои опасност да го испуштите вистинскиот.

Вага

Вагите знаат да бидат по малку арогантни и површни, така што повеќе внимание обрнуваат на изгледот отколку на карактерот иако тоа не го признаваат. Поради тоа, често одбираат неамбициозни и помалку успешни луѓе од нив, кои знаат да ги шармираат со добра приказна. Тоа често доведува до многу разочарувања, но порано или подоцна учат од искуството и повеќе внимаваат при изборот.

Скорпија

Скорпиите делуваат како многу ладни луѓе кои никогаш не ги искажуваат своите емоции. Вие сте многу мистериозни и партнерот никогаш не може да дознае што мислите или чувствувате, а вие воопшто не му ја олеснувате работата бидејќи не ви ни паѓа на памет да кажете гласно што сакате и од што се плашите. Тоа на почеток може да биде привлечно, бидејќи секој сака да открива мистерии, но по одредено време може да доведе до фрустрација бидејќи никој не сака постојано да треба да ви ги влече зборовите од уста со клешта.

Вашиот хороскопски знак открива: Која лоша навика ја имате кога сте во љубовна врска?

Стрелец

Стрелците се многу лојални и истото го очекуваат и од нивниот партнер. Поради тоа вие сте страшно пребирливи и нема шанси да се помирите со некој кој не ги исполнува сите ваши очекувања. Малкумина ќе успеат да ве освојат, но затоа оние што ќе ги поминат сите тестови и ќе ја заслужат вашата доверба се оние со коишто ќе завршите во долгогодишна врска. Но, тоа ќе се случи само доколку сте подготвени да се посветите на нешто што ќе трае долго. Во спротивно ќе одбивате да се обврзете, а со тоа ќе скршите многу срца.

Јарец

Јарците се исто толку паметни во врските колку што се паметни и во секојдневниот живот. Некогаш дури и премногу паметни. Вие сте многу амбициозни и сакате ред, па затоа немате трпение да се гледате со луѓе кои ги немаат овие карактеристики. Вашата природа е хиперсензитивна и поради тоа ако вашиот партнер ви каже дека сте качиле некое килце, многу ќе се налутите и повредите. Не знаете да се справите со критики и затоа ладно ќе го отпишете од вашиот живот во првата прилика што ќе ви се укаже.

Водолија

Вие сте многу тивки и суптилни во сè што правите. Дури и кога водите љубов вие не испуштате никакви звуци, поради што вашиот партнер може да помисли дека не уживате. Поради вашата искреност и лојалност делувате наивно, па затоа сте мета на многумина кои сакаат само да ве искористат. Многу сте мрзеливи. Кога го викате вашиот партнер на гости, барем гледајте собата да ви биде средена.

Риби

Вие знаете како да учите од минатите грешки и поради тоа сте многу интелигентни. Понекогаш премногу знаете да се занесете во вашиот внатрешен свет, што може да делува необично за вашиот партнер и поради тоа да почне да ве смета за премногу чудни. Постојано сонувате со отворени очи и затоа многумина не можат да ве разберат поради што изборот за ваш потенцијален партнер значително се стеснува. Но, вас тоа не ви пречи. Вие не поминувате многу време во размислување што тргнало погрешно во вашата претходна врска. Искрени сте и несебични, знаете да љубите а љубовта ја дарувате само на оние што вистински ја заслужуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар