Хороскопските знаци како брачни партнери
Дали планирате да стапите во брак оваа година? Прочитајте што велат ѕвездите за однесувањето на хороскопските знаци како брачни партнери.
Овен
Тој: Мажите-овни спаѓаат во категоријата најпосакувани знаци и најчесто тоа се мажи по кои копнеат жените. Тие ги опсипуваат жените со комплименти, подароци и романтични пораки. За нив е многу важно жената да биде убава и паметна. Од жените бараат да бидат доста морални, иако тие самите не се блиску до таа особина. Изневерувањето не го толерираат, но знаат да се впуштат во флертови, паралелни врски и љубовни односи. Никогаш не им е доста од возбудувања.
Совет: Овните се многу горделиви мажи со голем сексуален апетит кој тешко го контролираат. Жените чиј избраник е роден во знакот на овенот мора да знаат како да одговорат на сите негови сексуални желби.
Таа: Жените-овни се витални, здрави и физички супериорни жени кои ретко се жалат. Тоа се хиперактивни и амбициозни жени кои не поднесуваат неактивни мажи. Тие им се истовремено и љубовници и пријателки на своите партнери. Нив никогаш не им е здодевно затоа што честопати за нив денот трае повеќе од 24 часа. Важат за згодни и убави жени, на што се посебно горди и имаат високо мислење за себе.
Совет: Многу се љубоморни на разни ситници и сакаат мажот целосно да им го посвети своето внимание. Заради тоа, најдобро ќе се согласуваат со мажи кои имаат особини слични на нивните, односно мажи кои се посесивни, агресивни и страсни.
Бик
Тој: Мажите-бикови најдобро се снаоѓаат во улогата на сопрузи. Важат за верни мажи, а може да изневерат ако не бидат задоволени нивните сексуални апетити кои не се мали. Сакаат да уживаат и заради тоа биковите се хедонисти во секоја смисла. Никогаш не ги занемаруваат партнерката и семејството. Се трудат да изгледа дека сите зависат од нив.
Совет: На своите жени ќе им обезбедат луксузен живот, ако се во можност, затоа што знаат многу да ги сакаат своите партнерки. Бараат убави и згодни жени и штом ќе стапат во брак, тешко се одлучуваат за развод.
Таа: Жените-бикови се едни од најблагодарните и најодговорните сопруги во зодијакот. Целосно им се посветуваат на мажите, а домот и семејството им се најважни. Смислата ја пронаоѓаат во семејниот живот. Добродушни се и зависни од мажот. Знаат да прејдат преку секоја брачна криза. Овие жени не се воопшто љубоморни.
Совет: Жените-бикови не треба да го покренат прашањето за материјалноста затоа што единствено тогаш може да станат љубоморни и посесивни. Колку е поуспешен нејзиниот маж, толку е таа подобра личност и тогаш нема нешто што не може да гo направи за него.
Близнаци
Тој: Мажите-близнаци се „лесни за одржување“, не се љубоморни, но и не им одговараат жени со слични особини. Тие се интелектуалци, интересни личности кои ретко им се посветуваат на жените. Повеќе им се посветуваат на сопствените мисли и на кариерата и не се подготвени за мирен семеен живот. Идната сопруга на мажот-близнак треба да биде жена со слични мислења и погледи спрема бракот, во спротивно тој цел живот ќе се обидува да ги промени нејзините мислења.
Совет: Жената на мажот роден во овој знак не треба да биде љубоморна затоа што неговиот интерес за други жени никогаш нема да згасне. Тие обожаваат да флертуваат, а потребна им е жена која нема да ги попречува во ништо.
Таа: На жените-близнаци поважен им е интелектуалниот контакт со мажите отколку сексуалниот. Тие повеќе им се посветени на работните обврски, а помалку на брачниот живот. Заради тоа, многу жени близнаци имаат проблем при усогласувањето на потребите. Не го сакаат многу семејниот и затворен живот, но кога се дома не поднесуваат неред. Друштвени се, зборлести и начитани и им одговараат мажи кои се токму такви, професионални и подвижни.
Совет: Исто како и мажите, така и жените-близнаци обожаваат да флертуваат. Но, вешто успеваат да ги сокријат своите мали авантури и романси.
Рак
Тој: Мажите-ракови се добри и одговорни мажи, посветени на домот. Важат за многу емотивни и сентиментални личности, но од друга страна се и големи педантерии и ситничари. Знаат често да критикуваат, речиси секогаш се жалат за нешто и никогаш не се целосно задоволни. Мажите-ракови знаат да се оженат и од корист, со богата и добро ситуирана жена со добар статус и висока позиција.
Совет: Мажите-ракови имаат многу особини кои се вклопуваат во традиционалните размислувања за животот. Спаѓаат во групата на верни мажи кои знаат како сексуално да ја задоволат жената. Неверни се тогаш кога нивната потреба за секс ќе изостане.
Таа: Жената-рак е синоним за мајка. Таа е симпатична, љубезна, трпелива, посветена и заштитнички расположена. Им служи на другите, но и на себе. Сепак, и жените-ракови се многу емотивни и често го менуваат расположението. Лесно се одлучуваат за брак, но знаат да бидат многу посесивни.
Совет: Стабилноста во домот зависи од жените-ракови. Тие се идеални партнерки за мажите кои бараат класична жена.
Лав
Тој: Мажите-лавови се многу горделиви и се централна фигура во семејниот живот. За себе мислат дека сè им е дозволено. Не поднесуваат непочитување од страна на жената. И покрај тоа, умеат да сакаат и да бидат нежни, романтични и посветени. Знаат да ѝ ги наметнат правилата и должностите на жената на таков начин што таа не би можела да ја одбие таквата диктатура. Лоша страна им е вечната склоност кон авантури.
Совет: Верните и храбри лавови се во состојба да се борат на достоинствен начин. Тие знаат како да направат жената покрај нив да се чувствува сигурна и сакана.
Таа: Жената-лав е идеална партнерка за мажот кој би можел да поднесе кариерата да е нејзин приоритет. Таа често работите ги гледа од високо и се смета себеси за газда во домот. Поседува многу квалитети и затоа сè во домот е секогаш совршено организирано. Ако наиде на подеднакво амбициозен маж, таа ќе му биде голема поддршка во работата. Сака постојано да биде почитувана, а тоа и го заслужува.
Совет: Верна е и би се жртвувала за својот маж. Ако тој не е доволно амбициозен, доминантен и силен, таа ќе продолжи понатаму, а ако е, нивниот брак ќе биде идеален.
Девица
Тој: Мажите-девици се комплицирани, цинични, ситничави и здодевни. Ова се најчестите причини поради кои тие остануваат сами. Не знаат ги покажат чувствата, но релативно добро се снаоѓаат во семејниот живот. Бракот за нив се базира на пријателство и често со жената се однесуваат како да се колеги од работа. Тоа се способни личности кои знаат да обезбедат удобен живот за себе и своето семејство. Склони се кон флертови, но ретко одат до крај.
Совет: Можеби мажот роден во овој знак нема да ја доведе жената до екстаза, но затоа е одличен во предиграта, романтиката и заведувањето. Тој ќе се потруди да ја задоволи жената на секаков начин.
Таа: Жените-девици се совршени сопруги. Бракот го сфаќаат како еден вид пријателски однос. Во нејзиниот дом нема и не смее да има грешка. Таму владее одличен ред и сè е секогаш чисто. Одлично се снаоѓаат во кујната. Штедливи се и паметни и работите најчесто ги извршуваат рутински. Може да биде под голем притисок од околината и затоа е емоционално послаба. Никому не му се предава целосно и ретко ги покажува своите чувства.
Совет: Жената-девица делува како ладна и бесчувствителна личност и затоа ѝ е потребен некој кој ќе допре до неа. Тоа би можело да се случи само доколку таа вистински засака некој. Не барајте ништо повеќе од тоа што таа може да даде и ќе добиете исклучителна жена. Преферира сериозни и интелектуални мажи.
Вага
Тој: Мажите-ваги се површни и незаинтересирани за брак затоа што не го сакаат семејниот живот. Кога се во брак живеат квалитетно, полни се со разбирање и конците на судбината ги држат во свои раце. Жените ги третираат како кралици и им овозможуваат луксузен живот. Често ги опсипуваат жените со подароци, облека и накит затоа што за нив љубовта претставува уметност.
Совет: Мажот роден во овој знак никогаш нема прв да ја остави својата партнерка, туку ќе чека таа да го направи тој чекор.
Таа: Жените-ваги се како магнет за мажите. Тие се многу убави, женствени и привлечни. Но мажите треба да знаат дека овие жени го сакаат луксузот. Нивниот изглед ги тера мажите да помислат дека треба да ги заштитат жените родени во овој знак. Ментално се многу издржливи и знаат да создадат хармонија во животот.
Совет: Жената-вага инстинктивно знае во кој момент како треба да се однесува. На мажот знае да му пружи сè што му треба. Сака да флертува и понекогаш попушта пред додворувањето.
Скорпија
Тој: Со мажот-скорпија е многу тешко да се оствари складен и хармоничен брак. Единствен начин за тоа е жената постојано да го следи во сè. Дури и да е безусловно сакан, неговата љубомора секогаш ќе биде присутна во голема мера. Не може да поднесе жена која е во некаква смисла појака од него. Мажите родени во овој знак се сметаат за агресивни и насилни. Сексуално се многу силни, со нагласена љубомора и посесивност. Позитивна особина кај овие мажи е тоа што се успешни и способни добро да заработуват.
Совет: Неговите чувства се искрени, но тој не знае да ги покаже на вистинскот начин. Ги обожаваат жената и децата и во состојба се да направат сè за нив.
Таа: Жените-скорпии го сфаќаат бракот многу сериозно и умеат силно да сакаат. Грижливи се и како сопруги и како мајки. Тие едноставно го чувствуваат семејниот живот и кога се во брак целосно се посветуваат. Многу работи зависат од нивното расположение затоа што сè што прават, прават со најискрени намери. Овие жени ги обожаваат мажите.
Совет: На жената родена во овој знак ѝ е потребен силен маж кој нема да ѝ попречува во ништо и ќе знае како да ја задоволи.
Стрелец
Тој: Мажите-стрелци имаат големи барања кога се во прашање жените и бракот. Тие се големи критичари, често се отсутни од домот и важат за мегаломани кои не се интересираат за брачен живот. За нив љубовта е сплет од среќни околности. Не разбираат зошто е воопшто потребно да ги покажуваат чувствата. Бараат жена која ќе поседува висок степен на интелигенција.
Совет: Мажите родени во овој знак се нетрпеливи. Не поднесуваат никакви правила и ограничувања и затоа жената покрај нив треба да има слични сфаќања.
Таа: Жената-стрелец му е најдобар пријател на мажот затоа што таа сака сè што сака и тој. Жените родени во овој знак го сакаат брзиот живот, но поседуваат трпение и умеат да чекаат колку што е потребно. Тие се интелигентни жени и добри мајки. Работите со кои се занимаваат подразбираат сè освен релаксација во домашен амбиент.
Совет: Жената-стрелец не го познава зборот „љубомора“. Сексот не ѝ е приоритет, но ужива во него. Во бракот сака да ѝ се посветува љубов и внимание.
Јарец
Тој: Мажите-јарци не чувствуваат големо задоволство од бракот, но важат за добри и класични сопрузи. Овие мажи се секогаш одговорни за домашниот буџет и средствата од него ги трошат разумно. Тие се еден вид конзервативни диктатори. Не ги слушаат жените, често се деструктивни и создаваат големи проблеми кога желбите на жените не се во склад со нивните желби.
Совет: Главна карактеристика на мажите-јарци е дисциплината. Тие не знаат за емоции и не знаат да создадат атмосфера за уживање. Се сметаат за маратонци во сексот.
Таа: Жените-јарци не се многу женствени и не претставуваат магнет за спротивниот пол. Како мажите, така и жените важат за диктатори со многу малку емоции. Овие жени ги привлекуваат мажите со особини како што се систематичност, верност и способност. Одлични домаќинки се и знаат да управуваат со домашните финансии.
Совет: Жената-јарец е верна и постојана. Таа е идеална сопруга за мажите кај кои чувствата не играат голема улога.
Водолија
Тој: Мажите-водолии преферираат слобода и интелект. Не знаат што е љубомора и им се најдобри пријатели на своите партнерки. Не се големи љубовници, но ако жените сакаат ексцентризам и ослободување од предрасудите, тогаш овие мажи се вистинските за нив. Ретко лажат, а на бракот гледаат како на претприемништво. Знаат да бидат внимателни кога се жените во прашање.
Совет: Понекогаш делуваат како да се незаинтересирани за љубов, а тоа жените тешко го поднесуваат. Најдобро се чувствуваат во односи кои не бараат обврски.
Таа: Жените-водолии се неверојатно интелигентни жени кои не се љубители на емотивните односи. Тие се едноставни и неконвенционални. Нивното однесување спрема мажите е исто така едноставно и не предизвикува проблеми. Не се љубоморни, ниту сомнителни. Подготвени се да се жртвуваат и за мажот и за семејството.
Совет: Жената родена во овој знак е многу емотивна, иако разумот е тој кој ја води низ животот. Ретко се наоѓаат во афектна состојба. Мажот мора да биде многу паметен за да ги искористи нејзините квалитети. Во сексот немаат предрасуди и сакаат да експериментираат.
Риби
Тој: Мажите-риби се внимателни и чувствителни и затоа се омилени кај жените. И покрај тоа, тешко се одлучуваат да стапат во брак. Го сакаат семејниот живот и многу време поминуваат во домот. Овие мажи се сонувачи и уметнички души. Честопати немаат сила да се борат и да се изборат со животните проблеми.
Совет: Мажите родени во овој знак имаат недостаток на амбиции и енергија и затоа се релативно нестабилни. Но, ако жените се доволно силни и знаат да го искористат потенцијалот на овие мажи, нивниот брак може да биде како бајка.
Таа: Жените-риби не се ни премногу вредни, ни премногу амбициозни, а ни премногу способни, но лесно се прилагодуваат на семејниот живот. Неверојатно се чувствителни и имаат голема емоционална моќ да им се вовлечат на мажите под кожа. На тој начин знаат да станат неодоливи и неопходни. Овие жени умеат домот да го претворат во мирно и удобно место. Голем дел од животот го поминуваат во сонување и фантазирање.
Совет: Жената родена во знакот риби е одговорна и лесно прилагодлива. Таа на мажот му ги нуди сите магии кои воопшто можат да бидат понудени.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.