Хороскопските знаци и тарот картите
Вага – Правда
Правдата е 8-тата карта во таротот, која во себе носи рамнотежа и чувство на праведност. Дипломатијата, наспроти сите предизвици, е особина за пофалба. Кај оваа карта нема ништо што е премногу или премалку.
Вагата е поврзана со жена која држи меч во рацете. На дното во средината е наоѓа врвот на мечот врз кој сè почива. Потребна е неверојатна рамнотежа и добра концентрација за да се постигне ова. Мирот кој го носи Венера, владетелот на Вагата, ни ја раскажува истата приказна како и картата.
Скорпија – Смрт
Смртта е 13-тата карта во таротот, која ја означува огромната промена која следи по обновата. Филозофската димензија на картата ни говори за тоа дека без вистинското чистење не може да постои никаков напредок. Старото оди во неповрат, со цел да се ослободи место за новото.
Костурот кој доминира на оваа карта делува по малку застрашувачки, но тој истовремено ве тера и на размислување. Промената која е неизбежна и темелна, носи сигурни услови за нешто ново. Плутон, кој владее со Скорпијата, на сличен начин ги трансформира сите нешта до самиот крај.
Стрелец – Умереност
Умереноста е 14-тата карта во таротот и таа претставува умеење, вештини и чувство за пронаоѓање на златната средина. Некои дури ја нарекуваат и уметност. Тука се работи за една креативна сила, на фин и галантен начин, каде што во вистинската мера, скоро сè се движи глатко.
Ликот на картата ги меша различните елементи и создава внатрешен процес кој води кон складно единство. Јупитер како една од добронамерните планети е всушност тивок дијамант кој внимателно оформува. Тој владее со Стрелец и ни покажува дека клучот за успехот е во тоа да не се претерува.
Јарец – Ѓавол
Ѓаволот е 15-тата карта во таротот. Таа претставува искушение на материјалниот свет, но многу често неправедно погрешно се толкува. Станува збор за тоа дека треба да се ослободите од оковите на традицијата, крутоста и приземјеноста, со цел да напредувате до местото на кое треба да пристигнете. На самиот врв.
На картата ѓаволот е претставен како богот на природата кој во окови ги држи луѓето. Можна е поврзаност помеѓу земјеното и божественото. Сатурн, како планета која делува на долг рок и формира карактер, владее со Јарецот кој поминува и низ трње само за да пристигне до ѕвездите.
Водолија – Ѕвезда
Ѕвездата е 17-тата карта во таротот и претставува надеж, вера, човечност, чистина и добри намери. Особините на хуманоста се добро развиени, како и потребата за оригиналност. Инспирацијата и поврзаноста со нешто што е универзално се секогаш тука.
Ѕвездената богиња е како еден вид канал кој ги поврзува земјата и вселената на оваа карта. Од едниот бокал тече нектарот на небесното кој преку жената се прелива во друг бокал низ кој тој истекува кон езерото. Тука сјае сè, исто како необичниот Уран кој владее со Водолијата. Тој ја носи водата од небото на земјата.
Риби – Месечина
Месечината е 18-тата карта во таротот. Таа носи длабока интуиција, талент, но и склоност кој лутање. Соочувањето со потсвесното, довршувањето на кармата, последните проверки кон крајот на патот, можноста за промена во друга насока, заблудите како и интуицијата се единствените насоки во маглата.
Месечината на картата се симнува на уште подлабоко ниво на душата додека 2 кучиња завиваат. Некогаш на нивните места се наоѓаат и волци. Нептун кој владее со Рибите, често се соочува со илузии кои можат да се надминат само со внатрешната интроспекција и интуиција.