Хороскопските знаци и тарот картите
Според својата содржина, хороскопските знаци и тарот картите се поврзани. Прочитајте зошто и на кој начин…
Овен – Цар
Царот е 4-тата карта во таротот и покажува одличен владетел кој знае што сака. Овенот е пионер, иницијатор, има огромни способности за водење како и голема желба за авантура. Со овој знак секогаш се поврзуваат новиот почеток, авторитетот и татковството.
Царевиот престол сјае во силните бои на Марс кој владее со овој знак. Оваа карта секогаш се поврзува со новите почетоци, ентузијазмот, верата во себе, силата и самостојноста.
Бик – Свештеник
Свештеникот е 5-тата карта во таротот. Тој е мудар советник кој никогаш не се брза, секогаш дава поддршка и е стабилен. Може да биде духовен мајстор, учител. Сигурноста и почитта кои ги поседува овој знак се темелот врз кој може да се изгради нешто големо.
Свештеникот во себе ги спојува духовното и световното, па со својата мудрост помага да се остварат плановите од небото и врз земјата. Венера, планетата која владее со Бикот укажува на тоа дека тој е благ, фин, понекогаш бавен, но секогаш исполнет со добри карактеристики.
Близнаци – Заљубени
Заљубените се 6-тата картата во таротот која ни говори за одличната соработка, добрите контакти и шармот. Оваа карта е секогаш поврзана со човечките односи, комуникација и зближување.
Заљубените тежнеат еден кон друг и меѓусебно се привлекуваат. Оваа карта одлично ја симболизира природата на Близнаците кои секогаш бараат личност со која можат да ги поделат своите идеи, информации и игри, исто како Меркур, кои владее со нивниот знак.
Рак – Автомобил
Автомобилот е 7-тата карта во таротот и таа ни говори за победата во борбата, како и можноста за патување. Преку движењето, се започнува и процес на самонабљудување, медитација, спознавање на себеси, а со тоа и отворање духовни длабочини. Сè тоа се појавува на површината преку промените и победата.
На картата, во автомобилот се наоѓа шофер кој медитира. Тој има златен облик и внимателно испитува еден свети Грал во своите раце. Тој не брза, тој размислува, бидејќи во секој момент е подготвен на промени. Месецот, кој владее со Раковите, брзо ја менува својата положба.
Лав – Сила
Силата е 11-тата карта во таротот и таа се поврзува со страста, креативноста и силните желби. Треба да бидете спремни да прифатите сè она што можете да го најдете во себе, бидејќи само на тој начин со зголемена енергија и длабоко сочувствување можете да преминете кон нови области.
На оваа карта, жената која седи на лавот изгледа како да е маѓепсана од нешто божествено. Желбата е онаа која ја води да се препушти на сјајот на Сонцето, кое е планета на овој знак. Сонцето е ѕвезда. Голем потенцијал на зрачење е можен доколку Лавот се ослободи и си дозволи на себе да биде она што навистина е.
Девица – Пустиник
Пустиникот е 9-тата карта во таротот и таа претставува мудрост, економичност, повлеченост и размислување. Воздржаноста е клучот со чија помош се доаѓа до спознавање, внимание и внимателност, додека пак најмудрите се водичите кон духовната и земјената рамнотежа.
Фигурата на пустиникот кој во своите раце носи светлина ја буди вистината во човекот. Оваа „ламба“ го осветлува вистинскиот пат. Девиците се економични, тие прво проучуваат сè, па потоа стапуваат во акција. Со нив владее Меркур.