Хороскопските знаци и шефувањето
Дури и вашиот однос со шефот да е извонредно добар, секогаш има простор да го направите уште подобар. Откријте каков начин на шефување применува вашиот претпоставен, според неговиот хороскопски знак, и вашите желби и барања прилагодете ги спрема работното опкружување.
Овен
Шефот роден во знак на овен е мотор-двигател во фирмата. Често знае да ги земе работите во свои раце и да ги реши настанатите проблеми, а истото го очекува и од другите. Има обичај фирмата да ја води како воен камп. Овните се директни, не трпат глупости, секогаш кажуваат што очекуваат и во сè сакаат брзина и ефикасност. Брзо се лутат, но и брзо им поминува.
Бик
Доколку сте брзи, тоа нема да ви донесе бонус поени кај вашиот шеф роден во знакот бик. Дури и да ви е потребно повеќе време од планираното, шефовите бикови, ценат кога некој коректно и точно си ја завршува зададената задача. Тие имаат остро око, а не им се допаѓа кога некој постојано виси на телефон или на интернет. Секогаш можете да сметате на неговото топло срце и добронамерен совет.
Близнаци
Овој шеф секогаш прави повеќе работи одеднаш: разговара на телефон, дава задачи, пишува мејлови и што ли уште не! Оние кои не можат да го пратат темпото на работење на близнакот, ќе останат незабележителни работници. Близнаците им се восхитуваат на луѓе кои поседуваат интелигенција и љубопитност. Најчесто се ведри и расположни, но некогаш знаат нагло да се намуртат и да станат зајадливи.
Рак
Шефовите родени во знакот рак се поставуваат како родители. Секогаш ќе бидат тука да ве сослушаат и да ви помогнат, но за возврат очекуваат безрезервна лојалност. Расправии и недоразбирање кај нив се прифатливи, но не и издавање на тајни. Шефот рак „носи“ заштитен оклоп околу себе и честопати знае да се повлече во него. Тоа значи дека понекогаш сака да работи сам во својата канцеларија, а вие треба да ја почитувате неговата затворена врата.
Лав
Шефот лав е секогаш во право. Дури и нешто подобро да разбирате од него, размислете си добро дали би пробале да му укажете на некоја негова грешка. Особено, немојте да сте се осмелиле тоа да го направите пред другите вработени. Светот се врти околу лавовите, па дури и оние најљубезните помеѓу нив, сакаат да се чувствуваат доминантно. Почитувањето е најважно за нив, па прифатете го неговиот авторитет, но немојте да се понижувате. Така постои ризик да го изгубите неговото почитување. Дополнителен плус е тоа што лавот умее креативно да ги инспирира сите во своето опкружување.
Девица
Шефовите родени во знакот девица се екстремно педантни и навлегуваат во детали. Точноста и внимавањето при работењето ги сметаат за најголеми доблести. Нередот ги прави нервозни. Тие сакаат да имаат контрола во своето опкружување и никогаш нема да се двоумат ако некому му треба помош. Со овој шеф треба умешно да ги поставите неопходните граници.
Вага
Правдата е една од најважните работи за шефовите родени во знакот вага. Во односот со секој вработен во фирмата, овој шеф секогаш ќе биде коректен и ќе ја бара правдата. Истото го очекува за возврат и од неговите вработени. Тој има остар ум и знае одлично да преговара. Не поднесува трачарење и лоши вибрации на работното место. Доколку би имале проблем со работата, договорете состанок со него и ќе разговарате сè додека правдата не биде задоволена.
Скорпија
Овој шеф е енигма. Делува пријателски, но секоја скорпија внимава да не ја разоткрие вистината за себе, а полна е и со недоверба кон нејзините вработени. Овој знак е одличен како менаџер за човечки ресурси, бидејќи има моќ да ги воочи скриените мотиви на луѓето. Што и да ѝ кажете, таа тоа ќе го зачува во својата меморија, а покасно ќе ве процени каков човек сте. Спрема ваквиот шеф бидете отворени и чесни, за ги избегнете отровните убоди на скорпијата.
Стрелец
Стрелците се забавни шефови, сè додека го почитувате нивното мислење. Сакаат да дебатираат, но сакаат и да победуваат. Тие знаат да бидат сезнајковци и да зборуваат напразно, но можат да бидат и големи инспиратори, одлични ментори и фантастични лидери. Тие многу често патуваат и знаат многу работи.
Јарец
Зборот шеф како да постои токму поради јарците, бидејќи овој знак природно се издигнува до позиција на авторитет и обожава да им кажува на луѓето кој што да прави. Овие личности имаат топли родителски особини, но не се секогаш чувствителни и тактични. Од нив секогаш треба отворено да го барате тоа што го сакате. Шефот јарец се восхитува на луѓе кои сами решаваат проблеми и ценат кога некој е спремен работата да ја стави на прво место.
Водолија
Овој шеф се гордее со вработените кои имаат способност да излезат надвор од границите на нормалното, за да ги завршат своите работни задачи, бидејќи и самата водолија е исклучително креативна и визионерска личност. Но кога вработените очекуваат нешто од нив, знаат да бидат многу крути, строги, тврдоглави и непослушни. Најчесто водолијата е тимски играч и често ќе ве прашува како напредувате со работната задача. Понекогаш ќе изгледа ладно и отсутно, но во тие моменти водолиите знаат да потонат во својот свет. На овој начин, припадниците на знакот водолија, доаѓаат до своите генијални идеи.
Риби
Шефовите родени во знакот риби се најчесто многу драги, услужливи и полни со разбирање за потребите и чувствата на вработените. Немојте да ја искористувате нивната добрина, доцнејќи и недоаѓајќи на работа, бидејќи тие знаат моментално да полудат, а потоа црно ви се пишува. Постои една челична страна на рибите која им дава дисциплина и која допринесува секогаш да бидат креативни. Рибите ценат доколку им помогнете при организација, бидејќи тоа им е најслаба страна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Odlično! Se pronajdov VISTINSKI! Pozdrav